На слики од улична мода можете да ја забележите таа модна филозофија, што Саманта Сатон од Инстајл ја нарекува „Правило на +3“. За разлика од другите веќе разгледани хакови, овде се фокусирате само на „стејтмент“ додадоци - аксесоари, чевли и слоеви.
На пример, да речеме дека носите базичен црн фустан и црни балетанки. Самото по себе, ова не нуди некоја посебна возбуда, но, ако го примените правилото на +3, можете да додадете сјајно ланче со привезок, каиш и голем шешир - ова се три парчиња што одеднаш го прават писта. И најдоброто во правилото е што многу лесно можете да отидете во сосема друг правец - наместо црни балетанки, облекувате црвени штикли, наместо каишот облекувате џемперче и наместо шеширот свилен шал и имате ново и исто така воочливо.
Да видиме тоа како изгледа на фотографии. Со ова правило се игнорираат и останатите парчиња што не придонесуваат никако посебно на комбинацијата бидејќи би била забавна и без нив.
Мантил, менѓуши и сребрени чизми:
Менѓуши, повеќе ланчиња и елече:
Капа, карирана ташна и сини штикли на платформа.
Или ако сакате, сини штикли на платформа, капа и зелен лак.
Марама место каиш, зелена ташна и впечатливи очила за сонце:
Бандана, синџир на врат и кошулата врзана:
Впечатливи очила, минијатурна ташна и сини грди сандали:
Очила, менѓуши и црвени сандали: