А.О.К за значењето на шминката

Александрија Окасио-Кортез е единствен политичар што бива гњавен околу мода и убавина, ама не ѝ пречи тоа. Напротив, тајни за убавина споделува со Вог, а го искористува моментот и да сподели нешто важно околу значењето на шминката, па дури и начинот на кој тоа ја прави видлива во политиката.

„Женственоста носи моќ,“ вели А.О.К. „А во политика, има толку многу критики и цепидлачење околу тоа како жените треба да се претстават себеси. Самиот момент да се биде жена е политизиран овде во Вашингтон. Има една лажна идеја дека ако ти е важна шминката или ако интересот ти лежи во убавина и мода, дека си несериозен. Но, јас мислам дека ова се некои од најважните одлуки што ги носиме, а ги носиме секое утро.“

Всушност, Окасио-Кортез објаснува дека нејзината љубов кон шминката, а особено кон црвениот кармин, се развила кога почнала да навлегува во политиката и да оди од врата на врата во кампања.

„Понекогаш, најдобар начин да изгледаш средено е во храбра боја на усни. А се разбира, Латина сум, и ова ни влегува во културата. Носам црвен кармин кога сакам самодоверба и кога ми треба засилување на самодовербата.“

Најмлада жена е во Конгресот, каде што се бори да ја чујат и да ја сфатат сериозно - и шминката ѝ станала тајно оружје.

„Нашата култура е толку насочена кон исклучување на жените и искористување на нивната (ниска) самодоверба, па радикално е, според мене, радикален чин е и како мини-протест за сакање себеси,“ вели таа. „Ако се средувам цел час наутро, тоа не е затоа што се плашам како ќе изгледа некоја фотографија. Не, се средувам затоа што ми се средува. И тоа е всушност разликата. Мое тело, мој избор.“

24 август 2020 - 00:32