Во едно од напуштените љубовни гнезда на Коко Шанел

Урбан истражувач успева да се напика и да направи неверојатни фотографии во една шкотска куќерда што едно време ѝ била љубовно гнездо на Коко Шанел.

Имотот се вика Роузхол, а се наоѓа во Шкотска - таму легендарната креаторка има живеено во ’20-те, а меѓу популарните гости што ѝ доаѓале бил и нејзиниот љубовник, Хју Гросвенор, вториот Војвода од Вестминстер, како и нејзиниот пријател Винстон Черчил.

Куќата е во распаѓање, се простира на 700 ари површина и продадена е за сума што не се кажува јавно, после четири години огласување. Требало да станува луксузен бутик-хотел, но на новиот сопственик кој ѝ барал 3 милиони фунти продажбата не му успеала. Затоа и успева да влезе Јутјубер со канал за проучување историски места и да сликне по нешто, за остатокот од светот да може да се почуди малку - зошто вакви места упорно ги оставаат да пропаднат, кога добар маркетинг тим го претвара ова во мултимилионска зделка?

Има огромни железни камини во некои соби, напуштена софа, стар шпорет, стари шишиња од вино и шери, дури и пар стари скии.

Дури и противпожарна кочија стои во една соба, а од други декади има детски видео-касети и мечиња, иако не е јасно како дошле до таму.

Замисли влегуваш со багер и многу пари и многу мајстори, па полека со месеци го работиш просторов за да си го направиш ракета и - твој. И ова горе за излежавање да го реставрираш и да го задржиш, како симбол на претходен сопственик, кој случајно е - Коко Шанел лично.

Вака на ист необјаснив начин се распаѓа и куќата на Винсент Минели - татко ѝ на Лајза и на никој не му текнува да ја претвори во музеј. Чудо.

2 септември 2020 - 00:00