После кратко истражување се дознава дека куќата му припаѓала на режисерот Винсенте Минели и неговото семејство, според параметри на Холивуд - кралско. Прв пат ја купил во ’50-тите. Во тој период, колку што му оди кариерата нагоре, толку приватниот живот почнува да му се распаѓа.
На снимањето на „Ќе се најдеме во Сент Луис”, Минели ја запознава Џуди Гарланд и во рок од една година се венчаат. Животите им се менуваат од денот кога ќе се роди нивната ќерка.
Лајза станува центар на нивниот свет, но, без разлика што од надвор семејството изгледа идилично - далеку е од тоа. Гарланд во тоа време страда од анксиозност, депресија и злоупотреба на лекови. Плус, има уште една тајна што со тек на време ќе предизвика распад на семејството.
Винсенте Минели поминува сè повеќе време опсипувајќи ја ќерка му со подароци и внимание, а сè помалку со Џуди, која два пати се обидува да се самоубие. Бракот едвај полни пет години кога Гарланд започнува афера со бизнисменот Сидни Лафт.
Се разведуваат во 1951-ва. Кратко потоа, Минели го добива првиот Оскар и се сели во куќата. Во тоа време е неверојатна и не може ни да се замисли дека ќе дојде до оваа состојба.
Има 19 соби - 6 спални, 6 купатила, дневни соби, трпезарија и уште простории - гардероби, соби посветени на филмовите на Минели, но нему му било најважно куќата да ја претвори во совршен дом за ќерка му.
После разводот, малата Лајза половина година поминувала со мајка ѝ, а половина со татко ѝ. Татко ѝ ја користел секоја прилика да ѝ посвети време и внимание - според биографот на Минели постојано нарачувал фустани, а еднаш и огромна куќа за изграње за нејзе, затоа што ниеден трошок не бил премногу кога се работело за Лајза. А во тој момент, не можел ни да претпостави колку ќе се изменат времињата.
Кендис Берген се сеќава како секогаш барала од Лајза да си играат со фустани - татко ѝ ги нарачувал сите најпознати костими на големите холивудски актерки во величина за шест-годишно девојче.
До крајот на ’60-ти и почетокот на ’70-ти, Минели повеќе не е тоа што бил дотогаш и куќата е прва на удар.
Како што му згаснува кариерата, животниот стил мора да му се смени. Истовремено, кариерата на Лајза почнува вртоглаво да расте, после Оскарот за „Кабаре”, и како нарачана доаѓа да го спаси татко ѝ.
На околу 83 години, Винсенте Минели живее со четвртата сопруга, а здравјето не му е баш добро. Лајза се враќа да се дружи со него, но кратко потоа, Минели умира во куќата.
Тестаментот не е некое посебно изненадување - целиот имот од 1.1 милион долари ѝ припаѓа на Лајза, од кои 100.000 долари треба да се префрлат на неговата сопруга, со додатна инструкција: жена му да живее во куќата до кога сака. Отпрвин ова им било во ред и на жена му и на ќерка му - но не за долго. Кога ѝ правеле профил за магазин на сопругата, Ли, новинарот забележал дека „куќата е како временска капсула на 2002-ра - сè стои, дури и штафелајот и боите како што ги оставил.” 2002-ра е годината кога Лајза ја продава куќата, а Ли ја тужи заради тоа.
Желбата на татко и била, ако се продава куќата, Ли да биде згрижена. Лајза нашла купувач и на Ли и понудила стан од 450.000 долари, што Ли го одбила. Ја тужи со образложение дека Лајза ја исклучила струјата и дека заради запуштеноста на домот Ли страдала од „екстремен стрес, понижување, срам и грижа.”
Но, месец дена подоцна, Ли, тогаш 94-годишна, ја повлекува тужбата.
Нашле купувачи, а договорот бил Ли да живее таму додека не напушти своеволно или не умре. До 2009-та, Ли живее таму, а Лајза им плаќа кирија на новите сопственици. На крај, на 98, Ли умира, а на куќата ѝ се спрема реновирање.
…Кое никогаш не се случува.
Анонимниот јавувач од почетокот на приказната забележува дека најверојатно во куќата живеат сквотери, па влегува и гледа дека детскиот дом на Лајза Минели одамна не постои. Личните работи ги нема и денес куќата раскажува сосема поинаква приказна.
Која и да е вистинската причина што стои непипната, сепак, се уште е отворена за љубопитни минувачи - некогаш дом на иконичен автор, денес празна школка на златните денови на Холивуд.
Ама замислете, која штета е тоа - прљавштини, ѓубре и негрижа во простор што некогаш бил оплемент со луксуз, ѕвезди и ликови што само на филм сме ги виделе.