После сѐ што сме изнагледале на интернет (и не-на-интернет), просто е чудно како може некој да се потресува што некој фустан е - разголен, нели?
Сепак, тоа не значи дека му простуваат на овој:
Се појави во Фејсбук група со наслов That's It, I'm Wedding Dress Shaming (Или, „Готово, го плукам фустанов“) и во коментарот пишува дека не е скриено лицето на девојката затоа што сликата е од реклама.
Да бидеме реални, фустанот е предобар. Ако му ставиш друга боја, функционира и за друга пригода, ама ај за друга пригода не мораш да бидеш по гаќи. Луѓето во коментарите се згрозени и многу им пречи што долниот дел е проѕирен, па се расфрлаат со досетки од типот „Ааа, ова за на меден месец“, или „Ааа, ова за прва брачна ноќ“, или други глупи забелешки што редовно почнуваат со „Ааа…“
Се разбира, има и такви што го сакаат, ама тие што не сакаат да чујат, имаат проблем да аргументираат што точно не е во ред.
Ако прашаш наши, ќе ти кажат дека нема смисла пред сватовите да одиш по гаќи.
Ама никој од овие луѓе не се запрашал, што ако венчавката е на плажа? Или во двор со најблиски? И што ако невестата знае да го носи, баш како што знае и девојката од рекламата, па кај сака нека е забавата?
Фустанот инаку се вика Д Џиџи и е дел од колекцијата Мјуз за пролет/лето 2021, за која описот на сајтот е: „полна со чуда, имагинација и романтика.“
„Мјуз е идеализација на бохо-изгледот и оваа нова колекција го доведува до сосема ново ниво.“
Прашањето е дали толку претеравме со рестрикции и цензури на сѐ живо, па изгубивме компас и конечно ѓаволот дојде по своето, па сега и ова е вулгарно?
Уште бубонска чума фали.