Неподносливата глупост на машкото „извини“

Секоја чест на исклучоците, ама веројатно ќе се согласите дека не секој човек знае да се извини. А ако е човекот од машки пол, некако уште понезгодно станува.

Твитер корисник отвара Пандорина кутија со твитот, „Извини се како машко, ПОЧНЕТЕ“ и се разбира дека има брилијантни реакции.

Извинувања што можете да ги добиете од маж:

„Јас сум крив.“

„Гладна си?“

(Го нема три недели)… „Кај си ма?“

„Се шалев.“

„Извини, нема веќе.“

„Жал ми е што реагираш така.“

„Знам дека ме мразиш… И јас се мразам во моментов.“

„Добро утро, убав ден, знам дека не ми збориш.“

„Заврши со лутење?“

„Жал ми е што мислиш така, ама грешиш.“

*Не се извинува.*

„Не сум совршен.“

„Не е толку страшно.“

„Жал ми е што така се чувствуваш.“

„Не ми беше тоа намерата.“

„Не мислев дека е толку сериозно.“

(гушка) „Ме сакаш? Ааааа, се насмеа малцееее…“

„Смири се.“

п.с. Постојат темплејти на интернет со пребарување "boyfriend apologizes paragraph/quote", можете и врската да си ја спасите. Само што, ако ве дознаат... Чао.

извор

11 септември 2020 - 15:07