Прво, што е?
Дериват на витамин А. „Најчесто го има во храна од животинско потекло како млеко, масни риби и џигер, а помага телото да формира и одржува здрава кожа, игра улога во регулирање на имуниот систем, дури и штити од инфекции,“ вели Д-р Стефани Сасос од Институтот на Гуд Хаускипинг.
И ретинолот и ретиноичната киселина влегуваат под капата на група деривати на витаминот А што се викаат ретиноиди. Некои дерматолози препорачуваат да почнете со ретинол за кожата да ви се навикне на состојката, но не морате да користите ретиноиди што одат на рецепт за да почнете да гледате позитивни резултати.
Што прави?
Има неколку начини на кои делува на кожата: Спречува разложување на колагенот, поттикнува работа на клетката и го зацврстува поткожниот слој каде и се создаваат брчките. Колагенот и еластинот се протеини во кожата кои се одговорни за задржување на еластичноста на кожата и кога ќе ставите ретинол на лицето, го задржува колагенот и се смета дека поттикнува создавање и на колаген и на еластин. Ги чисти порите, ги намалува акните и го подобрува тенот општо.
Контраиндикации?
Безбеден е за сите типови на кожа, но има луѓе што искусиле сушење, црвенило и иритација, што е вообичаено, особено ако го користите прв пат. И бидејќи поттикнува работа на клетките, а со тоа и создавање на нова површинска кожа, може да ви го направи лицето осетливо на сонце, па по милионити пат (и никад доста повторувано) - користете заштитен фактор секој, СЕКОЈ ден.
Најдобар начин да се користи?
Навечер, традиционално. Има теорија дека кожата сама се средува кога спиеме, па какви и анти-ејџинг состојки да користите, ќе бидат поефикасни ако ги користите навечер.
На тема кој ретинол-производ е најдобар за користење разговарајте со дерматолог или друг професионалец за кожа, а резултати обично се гледаат после 10-12 недели.