И дали може да се испазариме некако, сите да остареме како Брижит Бардо? Фала многу.
На еден прием на кралицата Елизабета, меѓу многуте важни гости се наоѓаат и Брижит Бардо и Мерилин Монро. Не само што се наоѓаат во Бакингемската палата, туку и во еден тоалет каде што брзаат и двете да си ја поправат шминката.
„Ја видов од блиску, прекрасна, преслатка. Си ги пудревме носевите и си викавме здраво-здраво.“
Колку многу убавина и безвременост имало во тој момент во таа мала квадратура.