Процесот се однесува на брендови кои не се ни еколошки ниту работат на одржлив начин, но се обидуваат да ги уверат купувачите во спротивното и во моментов - им успева.
Последниве години сме сведоци на драматично почесто претставување на жени во забавната индустрија, од женски автори и режисери, до женски главни улоги и приказни, имаме и примери каде што жени преземаат цели франшизи (Војна на ѕвездите), дури и жени во улога на машки ликови (расправи за потребата од женски Џејмс Бонд).
Ние нормално дека сме далеку од овој концепт, затоа што не сме ни стигнале до „вакцина за народ“ како што треба, ама има нешто по свет што се вика „the hot girl vaccine“ и можно е да е штетно.
Иако мажи што работат креирање облека е далеку од нова работа, пандемискиот феномен лежи во млади, Генерација З деца што, уморни од дигиталните, се фаќаат за тактилни занимации.
Сите варијанти со „дечки“ (или guys) - Здраво дечки, кај сте бе дечки - поздрави чија формулација ни на крај памет не ви паднала затоа што сте нормални, сега добиваат „случај против“ затоа што се родово-специфичен поздрав и не ги вклучуваат сите колеги и колешки на работното место.
Да, наслови со „Нема да ви се верува“ се ужасни, ама па ситуацијава сама си го бара. Реновираната Снежана - „вожња“ во Дизниленд се соочува со онлајн збеснувања заради - неконсензуалниот бакнеж на принцот додека е во кома.
Ем да се потсетиме кои и какви ни беа славните порано, ем да видите каква копија се некои од нив. Таму каде што се собрало повеќе од татковците, одма ќе видите.
Нова сезона, десет епизоди и наслов „И така едноставно…“ (And Just Like That…) се движи кон ХБО Макс, заедно со три жени од оригиналниот состав: Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Ким Катрал - не.
Најголемиот производител на накит во светот, Пандора, вели дека веќе нема да продава дијаманти од рудник и ќе се префрли исклучиво на дијаманти од лабораторија.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се дел од огромната група родители што имаат ПТСД на секоја нота што ќе ги потсети на почетокот на песничето пуштено милијарди пати, ама на Рејнолдс отсекогаш му текнувало.
Претходно Ешли Греам си кажа - за да имаат и плус-сајз девојките претстава за себе на интернет. Ама Кристи Бринкли има 67 години, и приказната ѝ е друга.
Има една категорија на луѓе што зенот си го наоѓа во специфични видеа на Јутјуб. Некои гледаат чистење снег, некои ковачки работилници, некои поправање Шанел балетанки. И еве сега, правење кукли.
Пластични операции се супер работа ако помагаат да се чувствуваме подобро во сопствената кожа. И ако доење, гравитација и години ви земале данок на граден кош и размислувате да го вратите времето, има неколку аспекти што треба да ги знаете пред да добиете нови гради.
Треба да си ултра-спремен кога жена ти ВТОР ПАТ ќе те фати дека ја изневеруваш, и тоа ќе те види со девојка ти во парк како се гушкаш и се бацуваш, за да ѝ го смислиш ултра-глупото: „А бе не ја гушкам, баба ѝ умрела, па тешко ѝ е, да ја утешам.“