Иде контроверзен лезбејски хорор со калуѓерки

Не, не го најдовме по мрачни порно-страни на интернет. Легитимен хорор филм е, ќе оди на Кан годинава.

Бенедета е квир филм за калуѓерка од 17 век, што живее во италијански манастир, опседната од еротски и божествени визии.

Приказната се базира на роман од 1986 - Нескромни дела: Животот на една калуѓерка-лезбејка во ренесансна Италија, од историчарката Џудит С. Браун и ќе ја оживее Пол Верховен, режисер на Шоугрлс и Основен инстинкт.

Трејлерот дава да ѕирнеме во приказната на Бенедета Карлини: мистична католичка калуѓерка во манастирот Богородица во Пескија, Тоскана, која била во врска со една од своите колешки. Од она што може да се види, се ветува „едно сексуално освестување во сред божествени откровенија и обвинувања за богохулење“, лудило и опседнатост од демони, додека водачите на црквата се обидуваат да сфатат што да прават со нивната амбициозна, сексуално наелектризирана нова игуманија.

Еве трејлер:

6 мај 2021 - 14:41