И Кристи Бринкли објасни зошто објавува слики во бикини

Претходно Ешли Греам си кажа - за да имаат и плус-сајз девојките претстава за себе на интернет. Ама Кристи Бринкли има 67 години, и приказната ѝ е друга.

Сака жените да знаат дека е во ред да си горда на изгледот, без разлика на возраста. Токму тоа е причината што не се воздржува од објавување слики во купачи на нејзиниот Инстаграм.

„Овие слики ги објавувам затоа што од жени на моја возраст нонстоп слушам ‘Благодарам што го менуваш начинот на кој луѓето размислуваат за бројката’,“ вели Бринкли за Фокс Њуз. „Порано, тие бројки значеа нешто. Се сеќавам како луѓето мислеа дека после 30 не смееш да носиш коса подолга од рамената и сукњи пократки од до колена.“

Во право е кога вели дека ги смета тие правила за ограничувачки. Сите се различни и поинакви, „и ако имаш добри нозе, покажи ги. Ако нешто кај тебе навистина ти се допаѓа, слави го. Немој да те контролираат бројки.“

Сепак, сликање за Спортс Илустрејтед ѝ е „веќе видено“. Иако е благодарна, не значи дека се чувстува гламурозно 24/7, особено кога ѝ се стеснува облеката. Раскажува дека деновиве и пижамите ѝ се тесни.

„Сепак, се вртам кон помали порции и се движам… И бирам да се фокусирам на броење благослови во животот, затоа што кога ќе сфатиш за што сѐ треба да си благодарен, останатото и не е така страшно.“

Ова навидум изгледа како уште една полубитна изјава од популарна личност на која ѝ е работа да изгледа добро. Сепак, во време на ејџизам (кое трае со децении веќе) и навистина се добива впечаток дека ако не си завршил што и да е до 30 - готово, ваквите пораки се особено важни.

Особено кога ти ги кажува 67-годишна жена во време на инфлуенсери што првите милиони ги заработуваат на 16 и до 19 се во пензија.

29 април 2021 - 00:00