Реставрирање на Шанел балетанки

Со АСМР.

Еден коментар под клипот вика: „Целта во животот ми е да најдам некој што ќе се грижи за мене, како ти што се грижиш за балетанкиве.“

И богами, стварно е така.

Со такво едно педантно внимание им пристапи и така ги реши, што не можеш поглед да тргнеш додека не заврши.

Ова малку како женски одговор на видеата што мажите ги гледаат со ковање железо и чистење снег.

Океј, нѐ има и жени што гледаме ковање железо и изработка на оружје. Некои и кафе пијат така насабајле. Чистење снег малку потешко.

Назад на балетанките - класика, прекрасни Шанел балетанки, од тип - би ги носеле и жени што обично не трпат балетанки, направени лом, што од носење, што од години седење во сториџ. А Ветивер е таков канал - чисти кондури со твист: да ставиш слушалки, за да уживаш во ситните, задоволувачки звукчиња од обувката што наскоро ќе биде како нова и сите заедно можеме да ѝ се радуваме.

Ај:

30 април 2020 - 15:15