Еколошките ефекти и работните услови на рударската индустрија водат до зголемени побарувања за алтернативи на дијамантите. Извршниот директор Александар Ласик за Бибиси изјави дека промената е дел од поширок обид за одржливост и дека така е правилно.
И поевтино, исто така:
„Можеме да го креираме истиот исход како и природата, но за многу, многу поинаква цена.“
Се прават за третина од трошокот што се прави кога се копаат од земја, а во 2020, една лабораторија за дијаманти произведе меѓу 6 и 7 милиони карати. Во меѓувреме, производството на природните дијаманти падна на 111 милиони карати минатата година, а врвот му беше 152 милиони во 2017. Најниско беше во Русија, Канада, Боцвана и Австралија.
Пандемијата многу влијаеше на индустријата - економската несигурност и локдауните придонесоа кон пад на побарувачката, иако има движење кон стабилизација на ова поле.
Дијамантите на Пандора се иразботуваат во Велика Британија и таму и прв пат ќе почнат да се продаваат.
Цената на новиот дијамантски накит ќе почнува од 350 долари и се очекува да се зголеми продажбата поради ниските цени. Истото очекување е и за општата побарувачка, па Ласик смета дека „на никого не му се мешаат во џеб.“
Начинот на производство е тежок и трошаџиски, ама тоа во Кина - во Америка веќе се трудат околу извори на обновлива енергија.
Минатата година, извештај од Human Rights Watch откри дека некои големи производители веќе се однесуваат поодговорно, но повеќето не можат да понудат „сигурност дека накитот не е извалкан со злоупотреба на човечки права“.
Ласик вели дека долгорочноста е она што е важно кога се работи за пристапот на компанијата кон одржливоста. На коментарите дека вештачките дијаманти ќе оштетат мали семејни бизниси што работат со природни, одговара:
„Не е клучно дали потрошувачите ќе купуваат помалку или повеќе во денешно време, клучно е што сакаме да бидеме компанија што не прави штета. Имам четири деца, ќе ја напуштам земјава еден ден и се надевам дека ќе ја оставам во подобра форма од она што сум го предизвикал во последниве 50-тина години.“