Што знаеме за „Емили во Париз“ - втора сезона?

Прво, дека почнува со снимање, на пример.

Серијата што во сред пандемија го згрози светот повеќе од вирусот ќе се враќа и Емили уште си седи во Париз. Продолжува да вметнува „американска перспектива“ на работа, на општо превртување очи на француските колеги.

Веќе се зборува за заплетот на втората сезона - Емили ќе биде поголем дел од милјето на светот во кој што живее, ќе биде по „вдомена“ во градот. И фала богу, малку постабилно ќе застане на земја, а сценаристите веќе смислуваат настани за наредни сезони.

„Имаме основано супер свет за нашите ликови,“ вели продуцентот Дарен Стар во интервју за Венити Фер. „Би сакал повеќе да ја истражам споредната екипа, како шефицата на Емили на пример. Мислам дека само загребавме по површината на тој лик и тоа што ја мотивира… Многу идеи имам за правецот на серијата и знам дека има уште многу од приказната за раскажување… Не верувам дека како Американец можеш скроз да се почувствуваш како дома во Париз. Кога сме кај втората сезона, можат многу патишта да се фатат.“

Веројатно ќе вреди да ѝ се даде шанса, затоа што во неколку наврати глумците и продуцентите кажаа дека „учат од реакциите на луѓето“, меѓу кои и реакции дека Париз е премногу романтично прикажан, дека нема доволно диверзитет во однос на раси, дека „ништо не е така како што е прикажано во серијата“ и слично.

Во секој случај, апсолутно е сигурно дека пак ќе руши рекорди, макар и за да се снимаат повраќачки реакции на Јутјуб.

5 мај 2021 - 10:22