Иако ништо не му фали и на црното за преку ден, немој некој да ве убедил поинаку.
Како и да е, Лиса Елдриџ шминка опасни фаци и насловни страни, има колекции на шминка и накит со нејзин потпис и во случај да ја немате сретнато до сега (а сме ја имале во Лиса Елдриџ ја симнува Мерилин Монро и Лиса Елдриџ ја шминка Алекса Чанг), има и Јутјуб канал каде што со право има собрано 2 милиони следачи.
Денес се инспирираме со кафеаво.
Кафеави палети фала богу има на секој чекор и за сечиј џеб - само треба да си најдете која формула ви одговара. Кафеав молив има добар на Wet n’ Wild, чисто информативно.
Внимавајте и што објаснува - има зошто се прават одредени движења и зошто се фарба во одредени правци: