Плус, Лиса Елдриџ скоро ја имавме со Алекса Чанг, и таму веќе видовме за што е способна.
А шминката на Мерилин, кога ќе ја видиш така едноставна, просто да не веруваш дека барала дури три часа за да биде комплетна. Сето тоа се должи на триковите кои биле потребни во тоа време, а од кои пола никогаш не ни стигнале до јавност, затоа што нејзиниот шминкер не сакал да ги сподели тајните.
Немало прајмер, ама имало вазелин. Денес, на пример не е богзнае колку паметно да се шлапаш со вазелин под пудра, особено кога целта е да изгледаш матирано.
А освен што кажува како се шминка за да се добијат Мерилин-очи, кажува и уште една ствар што ќе ве натера да станете по ножици одма. А целата убавина на туторијалов, е што ако се научи како што треба, со менување на боја на кармин (а и не мора, црвен е топ), станува совршен изглед за секој ден. Затоа што потребните потези за совршена шминка од тогаш до денес претрпеле мал милион измени (господ да чува и брани од '80-ти) и денес, 2019-та, повторно се враќаме на идејата дека - вака е подобро: