Етимолозите наоѓаат дека терминот guys почнува со Гај Фокс, човекот што се обиде да изврши атентат на кралот Џејмс I во 1605, а денес го имаме како неформално обраќање кон група луѓе во современиот американски англиски.
Проблемот бил што „дечки“ е машки род, според Ејми Џеферс која по звање е - момент - организациски развоен специјалист за диверзитет, еднаквост и инклузија. Вели дека има подобри алтернативи, како „Здраво на сите“, или „Здраво народе“, што не се така родово пеколни.
Alternatives to "Hey guys"
— Kim Rees (they/she) (@krees) March 15, 2019
hey team
hey crew
hey all
hey folks
hey people
hey peeps
hey y'all
hey everyone
hey pals
hey friends
hey
Социологот Шерил Клејман има есеј на оваа тема, каде истакнува дека „дечки“ наметнува јазик кој веќе им дава привилегија на мажите. Се жали и дека луѓето ѝ викаат дека треба да батали и дека тие зборови се општи, ама „зошто па секогаш општите зборови се во машки род“, негодува таа.
Се оди уште подалеку, со објаснување дека родовото изразување „се провлекува во работната комуникација на многу позлокобни начини“. На пример, дали користите референци како „Дечконо онаму“ или „Дај ѝ го ова на жената од лево“?
Овде проблемот е што ако не ги познавате луѓето и не знаете како кој од многуте полови се чувствуваат или кои им се заменките, автоматски бесправно прејудицирате дека се работи за машко или женско. Затоа, подобро било, ќе кажат познавачите, да се изразувате со, на пример, „Можеш да го подадеш документов на личноста од карши со бела маица и кратка кафеава коса?“
Џеферс вели, „колку повеќе тежнееме кон родово-неутрален јазик, толку помалку грешки правиме, помалку простор има за претпоставки, помалку непријатни моменти. Вежбајте, без разлика кој имате во собата, и без разлика што знаете кој е чувствителен, а кој не.“
Е па, дечки… Така.