(Дигресија и ноут ту селф: да внимаваме како го користиме зборот „дечки“ да не ни дојде и нам јазична полиција)
Назад на темата, ви текнува на оној момент, некаде втората недела од првиот пандемиски април, кога сфативме дека нема што да се прави освен да се зјапа во екрани, па почнавме да се трудиме на сите можни начини да си створиме нови навики? WSGN се предвидувачи на трендови и имаат студија која докажува дека дигиталниот умор што го предизвика пандемијата ги натера зумерите да се изразуваат на поопипливи начини: со плетење, шиење и сѐ што е направи-сам.
Во ова истражување на младинската култура, WGSN набљудуваат како пандемијата ги трансформира однесувањата, хобијата и емоциите на Генерација З. Идентификуваат на кој начин ни го менува пристапот кон пари и работа и нѐ инспирира да станеме микро-бизнисмени, па да почнуваме нешто мало, но ново, често креативно. Истовремено се забележува дека - ни фалат роднините и пријателите.
Нашата љубов кон физичкото се среќава на таа раскрсница. Еден од клучните идентификатори е новопронајдената љубов кон носталгичното, па како резултат, зумерите решаваат да се пробаат таму и продажбата на машини за шиење скока до небо. Британската стоковна куќа Џон Луис пријавува пораст од 127% во април 2020, а пребарувањата на Гугл на терминот „машина за шиење“ се зголемува четирикратно во Америка. Но, иако стереотипот е „шнајдерка“ - возрасна жена што се разбира во такви работи, ова нема врска со трендов: млади мажи што сега се познати како „sew bros“ го држат пазарот.
За да се увери човек, треба само да ѕирне во ТикТок. Има и хаштаг #rugtok, полн со мажи и жени што обожаваат тафтинг - се прави со еден луд пиштол што ти изработува шарени черги, и некои и во кариера го претвораат.
Се прават и јоргани и се плете - има нешто што го викаат текстилниот волшебник од Масачусетс - Мајкл Торп, за кого се вели дека „повторно ги направил јорганите кул“.
Сето ова значи дека, кога веќе не се воведува домаќинство во школо со закон, домаќинството само ќе си најде пат до децата.