Кејт и Вилијам дојдоа на Јутјуб

Откако Хари го направи кралското семејство „ѓаволот“, семејството реши дека треба да се запознаеме со нив, па да видиме дека не се.

Кралицата достоинствено ќе се повлекува, на должност ќе ја менува наследникот, принцот Чарлс, ама очите на јавноста се секако свртени кон следните на ред - принцот Вилијам и војвотката Кејт, и најновата мудра одлука за одоброволување на јавноста - отвораат Јутјуб канал.

Првото видео веќе има три милиони прегледи (многу јасно) и таму седат на кауч, како најобичен брачен пар што решил да се снима.

Понатаму се појавува и кралицата на кратко, кога на ред доаѓа снимка од градината на Кејт, создадена за Chelsea Flower Show во 2019.

Ова веќе го дискутиравме во „Со Бакингемска палата ли најдоа да водат ПР-војна?“, но мудроста лежи во доближување на кралското семјество и неговите членови до јавноста - како нормални, обични луѓе, со акцент на симпатични и непосредни, а сето ова заради штетата што ја предизвикаа принцот Хари и Меган Маркл после интервјуто кај Опра.

Токму затоа има и кратки „блуперсчиња“ во видеото. Сепак е само најава што укажува на тоа дека веројатно луѓето ќе имаат прилика да гледаат нивни активности, гости, дискусии, и она што најверојатно сите се надеваат - да ги гледаме по дома:

10 мај 2021 - 12:07