Што треба да знаете ако ставате импланти во гради

Пластични операции се супер работа ако помагаат да се чувствуваме подобро во сопствената кожа. И ако доење, гравитација и години ви земале данок на граден кош и размислувате да го вратите времето, има неколку аспекти што треба да ги знаете пред да добиете нови гради.

1. Имплантите не траат вечно.

Гаранцијата на производителот варира според типот и самиот производител. Некои треба да траат 10, некои 20 години. Истражување од Агенцијата за храна и лекови направено во 2011 открива дека еден во пет пациенти има потреба од ревизија до десеттата година.

2. Треба да знаете што може, а што не може да се постигне.

Имплант е, и толку. Зголемувањето на градите го прави тоа што го имате поголемо и пополно, но нема способност да ја смени формата. Може да се среди мала асиметрија и висење, но ако сте имале повеќе бремености и флуктуации со тежина, или ви треба значително менување форма или стегање, тогаш ви треба лифтинг.

3. Опциите ви се сменети.

Не се сите импланти исти - има два типа: солени и силиконски. Првите се помалку проблематични - ако се скинат, солената вода лесно се апсорбира во телото. Силиконските изгледаат и на допир се поприродни, но можат да се појават згрутчувања ако истече гелот. Може да ви препорачаат редовни рендгени за да се откријат потенцијални истекувања. Постојат и таканаречени „гумени бомбони“ импланти и потешко можат да се дупнат и да истечат (како да си пресекол гумена бомбона на половина), плус подобро ја задржуваат формата и минимизираат видливо збрчкување што е појава кај слаби жени. Гаранцијата им е 20 години.

4. Сменети се и естетските преференци.

Б е новото Ц - жените повеќе не бараат џиновски импланти како порано. Една величина на корпа е 200цц, па 400 цц би ве одвело од А до Ц. Препораките доаѓаат во зависност од висината, ширината на торзото, дури и формата на ребрата.

5. Си постојат ризици, така што, треба да истражите.

Имплантите се одобрени за користење веќе 50 години, ама ризици сѐ уште постојат. Над 10% од пациентите искусуваат капсуларни контракции - зацврстување во градите поради ткивото од лузна околу имплантите. Можно е да се развие инфекција, која може да настане денови, години, дури и децении после процедурата. Присуството на имплантот може и да го компромитира раното детектирање на рак на градите, а и општата анестезија потребна за процедурата носи свои ризици. Добар доктор нема да ви ги преќути овие работи.

6. Спремете се за лежење.

После операцијата ќе ви треба добро друштво да ве дигне, да ви помогне да станете и да легнете и накратко - за сѐ друго. Според некои, дури четвртиот ден можеш да се вратиш на работа (од дома), но ти требаат чести паузи. После четири недели отокот речиси опаѓа. Првата недела можете само малку да пешачите, па полека да се вратите на вежби за долниот дел од телото втората недела. До третата можете да правите вежби за раце (лесни), а после шест недели можете да очекувате да се чувствувате нормално. И не држете диети овој период, на телото му требаат калории за да се залечи.

7. Не се евтини.

Цените зависат од докторот и спецификите на процедурата, но цената од прилика може да се движи од 2400 до 3500 евра.

28 април 2021 - 00:00