Не зборуваме за правење кукли од нула - поточно се работи за преправање веќе купени. Им се брише претходниот Барби/Принцеза/Полицајка идентитет и им се додава нов, од оние што го восхитуваат уметникот, во случајов Хекстијан.
Таков еден мерак и внимание на детали се вложува во процесот, што одма сакаш „некст видео’. Овде почнува со вообичаена, веќе видена Барбика и ја преправа во - Мортиша Адамс!
Во случај да ви е досадно интрото, а не ви почнува видеото директно од куклата како што е наместено, уметноста почнува од трета минута.
Патем, обично не ги сече куклите на половина, ама тој струк мора некако да се постигне. Од внимателно средување перика, до совршена шминка како за човек, сенчење екстремитети и внимавање на детали:
Бонус: Ким Кардашијан, и „мокриот“ фустан што го носеше на Мет Гала: