Идејата дека вакцинирани луѓе се поатрактивни и дека од вакцини растат цицки почна со ТикТок видеа направени за да се разрушат анти-ваксерските реторики, Следно, дојдоа шеги за специјалните атрибути што доаѓаат со секоја вакцина: Фајзер е најсекси, и најбуржујска, Модерна некако се вклопи во Y2K естетика, можеби затоа што Доли Партон ја финансираше и стана официјална вакцина за квир популацијата.
Just became the hottest girl to get the Johnson and Johnson vaccine. They rang a big bell and a bunch of bottle girls came out with sparklers
— raina (@quakerraina) April 5, 2021
„Ако примите Фајзер, тогаш сте класа и елеганција, како Никол Кидман во The Undoing,“ тврди еден ТикТокер, додека Џонсон и Џонсон ја припишува на луѓе што сакаат да ризикуваат. „Ако имате Модерна, тогаш сте кул, космополити, секси,“ тврди друг.
Иако сето ова е за да се промовира вакцинацијата, дали е можно персонализацијата на одредени вакцини да штети на таа кауза? Што е поважно, што кажува тоа за состојбата на луѓето и интернетот - што вака реагираме на превенција на смртоносна болест? Еден клинички психолог, Линда Перл вели дека ова е доста предвидлива човечка реакција на опасност.
„Кога луѓето се нервозни во нејасна ситуација, тогаш почнуваат когнитивни предрасуди, па хипотезата ми е дека повеќето само сакаат да постигнат ред во хаосот,“ вели Перл. „Мозоците ни се машини за правење категории и тоа ни е биолошко и многу природно, затоа што не би можеле да функционираме ако секогаш кога ќе се сретнеме со нешто, мораме да почнуваме од нула за да го сфатиме. Проблемот е што тоа работи против нас и од таму и потекнуваат стереотипите.“
@annabhamm #covid #vaccine #vaccinecoronavirus #fyp
♬ original sound - Anna Birmingham
Додава и дека да се закачиш за нешто арбитрарно како „згодноќа“ во сериозна и нервозна ситуација е често резултат на немање друг начин да се категоризира одлуката.
Една од опасностите е и комплетно отфрлање на „вакцинскиот апартхејд“ со оттуѓување или бесчувствителност на земјите што немаат пристап до вакцини, или имаат една опција што не е меѓу омилените. Особено ако базата ти е Америка што складира вакцини, додека на земји како Индија не им стигнуваат. Уште еден ризик е одбивање на вакцина, како што се случи со една актерка од Бруклин, Џоана Бротон. Видела дека нејзината земја, Бахами, има крајно ограничен пристап до вакцината и
„Ако 75% од светот не ја добил вакцината, која сум јас да кажам дека треба да се вакцинирам? Лично не се согласувам со начинот на кој го дискутираме ова и не знам од каде доаѓа. Мислам дека е глупаво и не сум заинтересирана затоа што е елитистички.“
Гречен Чепмен, професорка на универзитетот Карнеги Мелон вели дека поделбата на вакцините во категории или додавањето на карактерни особини може потсвесно да влијае на начинот на кој потоа комуницираме со другите луѓе што се боцнале со друг бренд. „Ова може да е пример на парадигма на минимални групи, каде дури и арбитрарни групирања можат да доведат на психологија „надвор и внатре од групата“.
„Постојат истражувања кои сугерираат дека не треба многу за да се формира група,“ вели Чепмен. „Мислам дека ова е штетно дури и во земји што имаат пристап до многу вакцини, затоа што повеќето од нас немаат избор.“