Зошто „woke“ феминизмот нѐ отуѓува

Последниве години сме сведоци на драматично почесто претставување на жени во забавната индустрија, од женски автори и режисери, до женски главни улоги и приказни, имаме и примери каде што жени преземаат цели франшизи (Војна на ѕвездите), дури и жени во улога на машки ликови (расправи за потребата од женски Џејмс Бонд).

Фановите се божем воодушевени, не само од ова „преземање“, туку и од десексуализирањето на женскиот лик. Ова повеќе декларативно - прашање е колку се реално воодушевени од новата Лара Крофт - Алиша Викандер наспроти Анџелина Џоли. За Лола Бани ич да не почнуваме.

И дали трчаат во кино да ги поддржат новите женски херои?

Се разбира дека не.

И дали е проблемот во тоа дека публиката мрази жени? Не, 50% од популацијата е женска. Дали можеби е зајакот лежи во вечното „жена на жена ѝ е жена“?

Не е ни тоа, многу поедноставно е: и филмовите и сериите што се обидуваат да ни ги протнат се катастрофа. И „опасните“ женски ликови во нив се катастрофа.

Авторката на каналот Baggage Claim на Јутјуб, расправа дека жените ги сакаат своите херои и сакаат да го гледаат својот пол силен на филм. Ама понудете им добра содржина и изграден лик, дајте им Еовин од „Господар на прстените“, дајте им ја Црната вдовица од „Авенџерс“ и оставете ги да бидат свесни и за силата и за слабоста, без притоа цела приказна да се врти околу „женскоста“ и со знаменце да се шета во секоја сцена „еве ви женски филм, бе!“

Woke-феминизмот го истера ова во крајност и на филмовите им наметна еден елемент на очигледен труд што ги прави усилени и вештачки.

И магично - џабе толку труд.

10 мај 2021 - 13:16