Рајан Рејнолдс има решение за опсесијата со Бејби Шарк

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се дел од огромната група родители што имаат ПТСД на секоја нота што ќе ги потсети на почетокот на песничето пуштено милијарди пати, ама на Рејнолдс отсекогаш му текнувало.

Проблемот го решил со мала помош од жена му и нејзиниот филм The Shallows - приказна за сурферка што ќе ја нападне голема бела ајкула. Имаат две ќерки, на 6 и 4-годишна возраст.

„Мојата едногодишна ќерка е опседната со Бејби Шарк. Цел ден. Секој ден. И постои само еден начин да се поправи ова,“ пишува тој и го додава промотивниот постер од филмот (стар 5 години).

Подршка од родители ширум светот стигна додека да кажеш „Тут турурут туру“, и тоа од истите одговорни за 8,4-те милијарди прегледи на Јутјуб.

Не му е прв пат на Рејнолдс да си ги заебава децата во јавност; да се потсетиме дека кога го дискутираше времето поминато со децата во пандемија, искоментира дека „тоа е време што никогаш нема да си го врати.“

Од другите бисери, кога ќерка му еднаш му направи беља, кажа нешто од типот, „Џабе се занесува, и онака она мене ќе мора да ме закопа.“

Од сите реакции на Твитер, секако ќе се согласиме со една: дека треба да напише книга за родители. И тие што немаат деца ќе го наполнат со ројалтис.

29 април 2021 - 00:00