Сте пробале ли фарбање веѓи?

Додаток на изгледот што досега сме го пропуштале, а наводно не треба.

Патот до пополни веѓи не мора да биде комплициран - има моливи, серуми за растење и секакви опции за постигнување на подебели веѓи, особено сега кога линиите како со пенкало се толку назад во ’90-те. Сепак, ако ви треба нешто подолготрајно, козметичарите предлагаат - фарбање веѓи.

Што значи тоа?

Eyebrow Tinting, или боење веѓи е процес на ставање полутрајна боја за да се истакнат, обликуваат и дефинираат веѓите. На професионалецот што се бави со вашите веѓи му овозможува да манипулира со тој дел од лицето, со потемнување на тенките влакна што се наоѓаат на периметарот на веѓата и да ја прошири.

Бојата се изработува од полутраен растителен пигмент или кна што се меша за да се погоди нијансата. Ова се прави и по салони и по дома. И веѓите одеднаш изгледаат „помлади“.

Колку време е потребно?

Вообичаена сесија би требало да трае околу 15 минути. Прво, се консултираш со специјалист за да одредиш колку полно и колку природно сакаш да изгледаат. Потоа, специјалистот ја подготвува областа, ги чисти веѓите и става тенок слој вазелин за да спречи боење на кожата околу. Бојата се остава неколку минути за оптимално обојување, па вишокот се отстранува со влажно марамче. Да не се вадите од памет - може да се исфарба и кожата под влакната, ама тоа се вади за 2-3 дена. Од тие причини, паметно е да се закаже во петок, за да имате време за викенд и да не мора на работа да одите како енгри брд.

За кого е?

За сите типови кожа е, и за сите бои на коса. Сепак, ако сакате да обоите сиви или бели веѓи, може да е попроблематично. Треба да се оди кај човек што знае како се работи тоа, бидејќи сивите и белите влакна се поинаетливи, па можеби ќе треба да се адаптира процесот.

Резултати има веднаш, но треба да се избегнува мокрење на веѓите во првите 12 часа. Бојата не е одобрена од Агенцијата за храна и лекови, но експертите на оваа тема велат дека не постои стандардна формулација за фарба и знаат многу од тие што ги има на пазарот да не се регулирани. Проблемот лежи во алергии инфекции - кожата околу очите е потенка од остатокот од телото и поподложна на алергиски реакции и воспаленија. Некои трајни трепки и бои за веѓи можат да содржат хемиски алерген што се вика пара-фениленедиамин (ППД) кој може да предизвика контактна алергија, дури и пликови. Затоа се препорачува да не одите по подруми, туку кај професионалци и прво да се проба на побезбедно место на кожата и да се види дали ќе има некаква реакција, па дури потоа да се почне со третманот.

29 април 2021 - 00:00