Да се биде жена, векови наназад

Раат да се немало. Освен можеби во ‘80-те.

Значи, 1980-те: 

Имаш стабилна кариера, затоа што конечно смееш, дури можеш да си дозволиш и недвижен имот, затоа што светот уште не е избезумен. Веруваш и во trickle-down economics, што е всушност став дека даноците за бизниси и за богати треба да се намалат за да се охрабрат инвестиции. Овој период и во Македонија ич не ти е лошо.

Во ‘50-те, до 25-30 веќе имаш маж, две ипол деца и една фина лоботомија. Зошто имаш лоботомија? Од истите причини што важат и денес: под стрес си, цела куќа паѓа на твој грб, а притоа трпиш притисок од општеството да изгледаш добро, средено и пристојно. А не смееш да пцуеш. Среќа, па не се користи лоботомија веќе, инаку не се знае што ќе правевме.

1850-те:

Овде на слична возраст веќе ти имаат дијагностицирано хистерија. Симптомите се слични како оние од 1950, ама решенијата се поинакви. Или ќе те цедат со пијавици, или ќе те затворат некаде на кратко „за да ти помине“, или ќе те остават така, па ќе го жалат маж ти. Можно е хистеријата да ти е од „опседнатост со дух“.

1650-те:

Овде сигурно, ама најсигурно завршуваш на клада, од проста причина што ги имаш истите карактеристики како жените погоре, плус - имаш бемка некаде на телото, се лечиш со чај од нане, едноставно познаваш други жени, или можеби ти има фрлено око свештено лице што уште не е на чисто со животната определба. Или, на инквизиторот му се свиѓа куќата или плацот каде што живееш. (Сѐ ова се има случено, најсериозно.)

1350-те: 

Овде веќе те имаат заборавено како загината во длабока старост на 17 години, затоа што - чума.

Наталија Лобанова е многу забавна особа инаку.

10 мај 2021 - 12:39