Од НБЦ објавуваат дека нема да го емитуваат шоуто во 2022 после контроверзите за недостатокот на диверзитет и етичките прашања поврзани со финансиски придобивки за некои од членовите. После нив, великани како Нетфликс и Ворнер Медиа (каде што влегува и ХБО) кажаа дека нема да учествуваат додека проблемите не се решат.
„Продолжуваме да веруваме дека ќе се направи значајна реформа. Сепак, промена од ваков габарит бара време и работа, па сметаме дека на Hollywood Foreign Press Association (организаторот на Глобусите) ќе им треба време да ја направат како што треба. Според тоа, НБЦ нема да ги емитува Златните глобуси во 2022,“ се вели во вчерашната изјава.
Додаваат и дека под претпоставка дека организацијата ќе го реши проблемот, се надеваат дека ќе бидат во позиција да го емитуваат доделувањето на наградите во јануари, 2023.
Тајмс откри дека групата нема црни членови и постави прашања за милионите што ги плаќа НБЦ за правата да емитува. Оваа година, рејтинзите доживеаја невидени падови - шоуто чии водители беа Тина Феј и Ејми Полер го гледаа 6,9 милиони - што е најнизок рејтинг од ’90-ти наваму.
Асоцијацијата се обиде да излезе во пресрет и го зголеми бројот на црни новинари од 87 на 100 но тоа беше засенето од посериозен проблем - претседателот Филип Берк го избркаа од организацијата откако форвардираше мејл дека движењето Црните животи се важни е хејт-група.
Еден од најславните скандали беше кога ѝ одадоа почест на Пиа Задора за филмот „Пеперутка“ од 1981 - кој повеќето критичари го уништија - откако нејзиниот богат сопруг, израелскиот милијардер Мешулем Риклис ги однесе членовите на асоцијацијата со авион до Лас Вегас да го гледаат филмот.
Сега Том Круз ги врати неговите три Златни глобуси во знак на протест, а протестираат и други „Холивуд ројалти“ додека Глобусите не се научат како треба да се живее во 2021.