Bookbox

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Звучи како штоф за филм, а таков наскоро и ќе видиме, во режија на Вернер Херцог. Во 1998 година тогаш 29-годишниот Карл тргнал од јужниот крај на Чиле со 500 долари во џебот и речиси невозможна идеја: да стигне до домот на мајка си во Англија без да користи превоз за да го скрати патот. Речиси три децении подоцна, по џунгли, граници, мориња и безброј препреки, британскиот авантурист е на само неколку стотици километри од целта - домот на неговата мајка во Хал, Англија.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден 3: Пливањето не е за девојчиња

За сцените со секс користеле координатор за интимност (!). Да и тоа постои. Актерите изјавија дека координаторката за интимност била пратена од бога, актерот особено ја пофали нејзината улога во сцените каде што требал да мастурбира.

„Рејџбејт“ е германскиот младински збор на годината за 2026

Содржините што намерно нè лутат станаа толку вообичаени на интернет што добија и официјален сленг термин - иако е на англиски, тој е прогласен за најпопуларен збор помеѓу младите во Германија.

Луѓето што ја спасија првата светска банка на семиња во светот по цена на своите животи

Во текот на опсадата на Ленинград од Втората светска војна, ботаничарите кои биле задолжени за скапоцената збирка на семиња ја штителе од оган, глодари и - од сопствената глад.

Како да не ви се расипува млекото? Во него ставете - жаба!

Пред да бидат измислени фрижидерите, луѓето се снаоѓале на разни креативни начини за храната да не се расипе. Но Русите ја имаат најинтересната финта кога е во прашање млеко.

Зошто на арапските броеви им биле потребни повеќе од 500 години да ги заменат римските?

Стивен Хризомалис во својата книга „Пресметувања“ ја истражува замената на римските броеви со арапски како сложен процес кој траел повеќе од пет столетија, оспорувајќи го постоечкото уверување дека арапските бројки биле прифатени исклучиво поради нивната повисока ефикасност. 

Холандски издавач објави дека ќе користи ВИ за превод на комерцијална проза

Како што тргнала работата, да се студира странски јазик за човек да работи како преведувач, навистина не изгледа како добар долгорочен план. Ако денес ВИ преведува доволно добро „комерцијална проза“ (демек полесна литература), за колку време ќе може да ги долови суптилните нијанси на поезијата?

Ја прочитавме „контроверзната“ драма за Бугарите за вие да не морате

Неодамнешната премиера на „Оружјето и човекот“, драма на Ирецот Џорџ Бернард Шо, за српско-бугарската војна од 1885, помина со инциденти. Софискиот народен театар беше обиколен од неколку стотина бугарски националисти кои протестираа поради начинот на кој се прикажани нивните предци во претставата, режирана од Џон Малкович. За што всушност станува збор во текстот?

По трагата на минатото на зборот „иднина“ во македонскиот

Сè започна од една објава на социјалните мрежи непосредно по смртта на Оливера Николова. „Еден од омилените факти за неа, е дека заедно со сопругот го имаат смислено и воведено зборот 'иднина' во македонскиот јазик“ - гласеше таа. Зарем е можно до Оливера да не сме имале „иднина“? Потрагата по одговор на ова прашање нè вовлече во „зајачка дупка“ која излегува од рамките на самиот повод. 

Робот виолончелист настапи со симфониски оркестар

На настан кој е без преседан, робот-инструменталист влезе во историјата кога му се придружи на Симфонискиот оркестар на Малме.

Идеја за скопскиот аеродром: животни што ги тешат оние што се плашат од летање

Сè поврзано со патување може да биде стресно, од стигнување до аеродром на време, преку наоѓање на точниот „гејт“ на поголемите аеродроми, до самиот лет. Ама еден аеродром во САД го има решението.

Нуспојави: неверојатен пораст на продажбата на дистописка литература по победата на Трамп

„Приказната на слугинката“ на Етвуд се искачи за повеќе од 400 места на листата на бестселери денес (среда, 7.11.), а слична е ситуацијата со примероци од книгата „За тиранијата“ од Тимоти Снајдер.

Јапонскиот манга цртач кој за малку ќе работеше со Стенли Кјубрик

Го нарекуваат „јапонскиот Дизни“, но биографијата на Осаму Тезука е многу повозбудлива од една ваква површна асоцијација. 

Кој е па тој Џорџ Клуни? - зошто поддршката од славни личности не ѝ помогна на Камала Харис

Кога Тејлор Свифт објави дека ќе ја поддржи Харис, изгледаше дека работата на Демократите е завршена. Цврц. 

Дали е воопшто можно да се избројат сите светски јазици?

Исторски имало, и се уште има, напори да се каталогизираат сите постоечки јазици на планетата. Но еден лингвист ги открива огромните предизици што стојат на тој пат.

Човекот што бараше начин да не му го украдат трупот по смртта

Со векови, лекарите и научниците дисецирале човечки тела за да ја разберат човечката анатомија. Прилив на трупови добивале од извршувањето смртни казни. Но како што казнените системи „омекнувале“, така почнало да снемува материјал а да се зголемува бројот на трупокрадачи. Еден Англичанец одлучил да преземе сè за да не им падне во рацете.

Дали сте ловци, танчери или душкала?: нова студија ги истражува трите стилови на интернет пребарување

Научниците ги одредиле овие доминантни пребарувачки стилови со тоа што го набљудувале однесувањето на луѓе кои паѓаат во „зајачката дупка“ на Википедија.

Дали олеснувањето на животот всушност ни го прави потежок?

Со модерната технологија сè изгледа ефикасно, лесно, погодно. Но дали полесниот пат е секогаш и најдобриот?

Кој стои зад писателскиот псевдоним Сајленс Дугуд?

Низ историјата многу почест пример бил жена да земе лажно име на машки автор, за нејзиното дело да може без проблем да биде објавено и рецензирано без предрасуди кон нејзиниот пол. Но еден познат изумител и писател го направил обратното - измислил псевдоним и лик на постара жена-вдовица под чие име објавувал во локалните весници.

Крадецот на книги кој ја празнел Националната библиотека во Загреб - кога го фатиле се самоубил, а парите никогаш не се најдени

Александар Милес пет години дрско ги изнесувал највредните книги од хрватската НУБ и ги продавал во земјата и во странство, заработувајќи милиони. Го разоткриле кога негов соработник бил фатен на граница со книга чие потекло не можел да го објасни. Од тој момент натаму се плете мистериозна приказна која до денес не е разјаснета. 

Необичната школка со хиероглифски ознаки

Lioconcha hieroglypica е вид морска школка, која може да се најде на Хаваите, Филипините и на Маршаловите острови во Пацификот. На прв поглед изгледа ко на неа некој со мастило да нанесувал некакво тајно писмо.

Букбокс гледаше: „Неверојатниот живот на Ибелин“(2024)  или приказната за хендикепираното момче што живееше таен гејмерски живот

Нов документарец на Нетфликс најпрвин изгледа само како трогателна приказна за момче кое умира на 25 години од дегенеративна мускулна болест, не исполнувајќи ги основните човечки копнежи - љубов, пријателство. Но по неговата смрт се открива дека дури и трајно врзан за количка, а во последните месеци со едвај подвижни дланки, тој успеал да навлезе во свет во кој бил прифатен и повеќе жив отколку во „реалноста“.

Дали депресијата е заразна?

Заразната природа на бактериските или вирусните инфекции се добро познати. Ако некој ти кашла во лице, а е болен од грип, има шанси и ти наскоро да заболиш. Но што е со менталното здравје? 

Зошто духовите викаат „буууу!“?

Луѓето имаат извикувано „буу“ или верзија од истото, за да ги уплашат другите, од средината на 16 век. Ама духовите? Изгледа дека тие малку подоцна ја научиле финтата.

Дали и вие живеете во состојба на божествена неисполнетост?

„Најисполнетите луѓе кои ги познавам имаат две особини. Тие се незапирливо љубопитни - за нови идеи, искуства, информации и луѓе. Истовремено, изгледа како да живеат во состојба на континуирана, самонаметната несреќност“.

Oд бугарски пазар на робови до изворот на Нил - неверојатната приказна за лејди Бејкер

Била позната под повеќе имиња - Флоренс Барбара Мари Финијан или Флорика Марија Сас, или Барбара Марија Шаш. Родена 1841 во Трансилванија, во средината на 19 век дел од кралството Унгарија, таа од сираче станала робинка, па авантуристка која го истражувала изворот на Нил, за на крај да почине како англиска лејди.

Дали може да се фотографира дух?

Вилијам Хоуп тврдел дека може да го документира присуството на духови во моментот на сликањето. Контроверзните слики кои тој ги направил сега ни помагаат да ја разбереме историјата на фотографијата.