Во финските затвори се одвива уникатен проект - обучување вештачка интелигенција. Вообичаено, милиони „кликработници“ стационирани на глобалниот југ помагаат во оваа задача, но јазичната бариера е предизвик за пронаоѓање такви кои зборуваат и пишуваат на фински. Ова довело до тоа Метрок, фински стартап, да почне соработка со затворскиот систем, обезбедувајќи евтина работна сила а истовремено подучувајќи ги затворениците за дигиталниот свет.
Еден таква затвореничка, со прекар Мармелад, ги минува своите денови во просторија без прозорци со лаптоп. Платена е 1,54 евра на час (со максимум тричасовни смени), со задача да чита текстови поврзани со недвижнини и да одговара на прашања поврзани со нив. Иако работата е малку здодевна, таа всушност обучува голем јазичен модел во сопственост на Метрок. Целта е да им се помогне на градежни компании да пронајдат нови градежни проекти со тоа што моделот би извлекувал информации на таа тема од секојдневни вести и од општински документи.
Користењето на затвореници за оваа намена поттикнува загриженост за можна експлоатација. Но во Финска проектот има добиено широка поддршка, бидејќи на овој начин затворениците прават нешто што им го исполнува денот, за тоа добиваат пари а истовремено стекнуваат и дигитални вештини.
Ваквата иновативна употреба на затворски труд го нагласува потенцијалот за обучување на ВИ во неконвенционални средини. Секако, притоа треба да се земат предвид специфичните културни и социјални рамки на секоја иницијатива поединечно.