Комбинацијата на три лека под името Трикафта, која им овозможува нова шанса за квалитетен живот на 90% луѓе со цистична фиброза, наследно нарушување кое влијае врз белите дробови и други органи, ја заслужи овогодишната Брејтру награда од 3 милиони американски долари - најлукративното признание („најтешкото“ во пари) кое се доделува во областа на науката.
Сабин Хадида, Пол Негулеску и Фредрик Ван Гоор од компанијата Вертекс во Сан Диего, Калифорнија, го развиле третманот со комбинирање на различни лекарства кои помагаат да функционира еден „дефектен“ протеин.
„Развојот на Трикафта е еден од најфеноменалните и брилијантни постигнувања во биомедицинското истражување во последните 30 години“, изјавил генетичарот и лекар Френсис Колинс, кој учествувал во откривањето на генот кој предизвикува цистична фиброза во 1989.
Признанието е едно од петте Breakthrough награди кои се доделуваат во различни области. Она за физика го добија научници од Њујорк за нивни истражувања во тн. „конформални теории на поле“ - семејство математички теории кои се применливи врз голем опсег физички феномени, од вода што врие до површината на црните јами. Математичката ја доби научник од Универзитетот Колумбија за неговите придонеси кон диференцијалната геометрија - истражување на закривувања, површини и простори.
Брејткру признанијата се основани во 2012 и спонзорирани од Јури Милнер, руско-израелски милијардер, како и од други бизнисмени, меѓу кои извршниот директор на Мета, Марк Закерберг.
Сите наградени тука
Види претходно епизода од подкастот Обични луѓе: „Девојката со цистична фиброза што ги искачи Алпите“