Bookbox

Во центарот на Љубљана неодамна е отворен необичен музеј посветен на хуморот на поранешна Југославија. Наместо големи историски експонати, посетителите ги пречекуваат манекени со необични реквизити, карикатури и шеги за секојдневниот живот, јазикот, љубовта, политиката и балканскиот менталитет. Зад привидно едноставната идеја стои обид да се покаже дека хуморот со децении бил еден од ретките заеднички јазици на луѓето од просторот на поранешната држава.

Понекогаш нешто што сме го виделе или направиле безброј пати одеднаш може да ни изгледа необично и сосема непознато. Еден едноставен експеримент тоа добро го покажува: земете лист хартија и напишете го своето име триесетина пати едно по друго. По извесно време, буквите може да почнат да изгледаат чудно, а самото име накратко да го изгуби своето значење. Овој необичен психолошки феномен е познат како „жаме ву“ и претставува своевидна спротивност на многу попознатото „дежа ву“.

Индустријалец, политичар, визионер: кој бил Емерик Блум?

Постојат личности чие значење не може да се смести во една професија или во една област. Таков бил Емерик Блум, инженер, индустријалец, визионер и општествено ангажиран интелектуалец, човек кој верувал дека еден град се гради не само со фабрики, патишта и електрични мрежи, туку и со култура, знаење и јавен живот. Денес најчесто се памети како човекот кој од мал инженерски колектив создал огромен стопански систем, но неговата приказна започнува многу порано, во кругот на млади сараевски уметници и интелектуалци кои во пресрет на Втората светска војна го основале Колегиум Артистикум.

Нова видео игра - „Докажи дека си човек“

Студиото Сансет визитор, познато по тоа што во своите видеоигри обработува општествени и современи проблеми, со новата игра „Докажи дека си човек“ (Prove You’re Human) повторно навлегува во теми поврзани со технологијата, работата и вештачката интелигенција. По наградуваната 1000XResist, која беше инспирирана и од искуствата на тимот за време на пандемијата, овојпат студиото создава психолошки хорор во кој играчот треба да се соочи со вештачка интелигенција која е убедена дека е жива.

Јанис Варуфакис: Наследниците на Агамемнон се во Силициумската Долина

Во текст објавен на сајтот АнХрд, Варуфакис објаснува зошто не сака да го оценува самиот филм, туку преку некои од темите кај Хомер и Нолан ги разгледува современите прашања за вештачката интелигенција, капитализмот, технологијата, слободата и моќта. Пренесуваме дел од него.

Ричард Бах доживеа несреќа

Авторот на за многумина култната „Галебот Џонатан Ливингстон" е во тешка состојба по несреќата која му се случила во американската сојузна држава Вашингтон, кога се срушил авионот со кој самиот управувал.

Чекајќи го автобусот

При секојдневното орање и копање по интернетов наидуваме на навистина чудни работи. Ама оваа е една од почудните.

Тајниот јазик на рестораните

Додека компјутерите во нашите ресторани, ако воопшто ги има, служат само за издавање фискални, оние пософистицираните во Њујорк почнуваат да се полнат со податоци кои овозможуваат високо персонализирана услуга. Главна алатка во ова дискретно разузнавање - кодиран јазик за означување на муштериите.

Еуфемизми за секс од 19. век

Следејќи ги сопствените заложби за збогатување на јазикот преку измислување нови, но и копање по архаичните зборови макар и не биле наши, еве неколку од „Речникот на вулгаризми" од 19-вековна Англија - книга за Британците од високата класа кои немале поим за што зборуваат „сељаците".

Сарказмот е пола здравје

Авторот на текстот, Сајмон Доонан, кој инаку е попознат по пишувањето модни колумни во Слејт, зборува за еден загрижувачки тренд - подемот на политичката коректност и еднодимензионалниот говор, кој наскоро може да го убие сарказмот.

Скопје споменато во современ британски роман-фантазија

Пред некое време една читателка во писмо на сосема друга тема патемно спомна дека постои роман од жанрот фантазија во кој од нигде никаде се спомнува Скопје. Бидејќи љубопитноста до сега не нè убила, решивме да го истражиме случајот.

Сте ја виделе ли оваа птица?

Оние кои подолго го следат Букбокс ја знаат неговата опседнатост со малите огласи по весници. Ама од денес ќе отвориме нов фолдер - хумористични или вистински огласи по бандери, дрвја и излози. Овој е од трогателните.

Лингвистичките дилеми на Кање Вест

Словенска антитеза е стилска фигура карактеристична особено за јужно-словенската народна поезија, која се состои од прашање, повеќе понудени одговори, негирање на понудените одговори и на крај - точен одговор.

Сериозно радио-дифузно пцуење

Минатиот број на едно од најреномираните книжевни списанија во регионов, „Сарајевске свеске", кое излегува неколку пати годишно, некогаш и на повеќе од 500 страници, беше посветен на балканските пцости. Е, сега...

Лажни задоволни читатели

Колкав број од мислењата на корисниците на сајтовите за продажба на книги се вистински, а колку од нив се платени? Па да речеме дека пет ѕвездички за трилерче-самиздат би требало да ви бидат сомнителни.

Проект: 24 часа без интернет

Вчера, 2. септември, организаторите на проектот „Реконектирај се" повикаа на интернет „диета". Или на 24-часовно присеќавање на тоа како изгледаше животот пред Фејсбук и Јутјуб.

Големи мали луѓе

Откако слушнавме дека во некои училишта за добредојде се пееле „Што ме роди мајко да учам дропки“ и „I like coffee, I like tea/I like Elvis, I like Sting", почувствувавме потреба да го дополниме репертоарот за првоодделенчињата и нивните родители со нешто полирично. Срце ни се стега гледајќи ги толку мали, а толку подготвени да се фатат во костец со животот. Нека им е со среќа!

Кoj тип читател си?

Текстот на Марк О'Конел за читателската промискуитетност поттикна многумина да „излезат од шифоњерот", и со олеснување да признаат дека и тие скокаат од една книга на друга, па дури и дека учествуваат во читачки оргии. Но темата инспирираше и дискусија - колку типови читатели всушност постојат?

Ќе успеете ли да го дочитате текстов без да почнете друг?

Марк О’Конел од Њујоркер од збор до збор го опишува она што во последно време нè мачи: вината од скокањето од една книга на друга, или од еден текст на друг, без оглед колку се тие интересни. 

Кратка историја на еден навредлив збор

Лингвистот Џефри Нинберг напишал сериозна книга за навидум несериозна тема: потеклото и историскиот развој на терминот - „шупак".

„ЗБОРОТ ВО ТЕСЕН ЧЕВЕЛ“ од Вероника Костадинова

Не толку одамна, кога бевме технолошки посиромашни и моравме да живееме без Фејсбук и Твитер, и да муабетиме со пријателите во живо со пиво и скара (какво мачење...), се појави институцијата „блог", кој иако подоцна оспоруван, плукан и клеветен, всушност изврши една важна локална функција во неговите најдобри времиња, кои сега како повторно да се враќаат.

Различните лица на добрите дела

Концептот на „Робин Худ" - човек кој прави добри дела немотивиран од сопствениот ќар, треба да се ревидира, вели Милош Васиќ. За разлика од Худ, кој земаше од богатите заканувајќи им се со лак и стрела, луѓето претставени во овој текст се помирољубиви и покреативни. Сте помислиле некогаш да му чистите на некој непознат по дома без да ве знае?

Родово ориентирани пенкала

Коментарите понекогаш се поинтересно четиво од самиот текст. Во случајов се работи за коментари под производ кој се продава на Амазон - Бик пенкала „за неа". Нè освои нивната смисла за хумор и артикулирана иронија. Би било чудно после ова пенкалава уште да се продаваат.

Кога нешто звучи „научно“

Не ни е јасно зошто научната јавност во Македонија сè уште не излегува со експертско мислење за чудото во св. Димитрија. Објаснувањето е едноставно: фотоните се квантно поле кое во интерференција со електромагнетните бранови произведени од локалната радио-дифузија при силен импулс може да ги направи сликите (а и звуците) појасни отколку што тие вообичаено се.

Животот го чинат мали нешта

Утринско протегање, мирисот на домашна храна, возење точак, гриз лубеница, ветер на лицето. Доволно за еден сосема обичен, а убав ден.

 

Колку треба да трчаш за да ја ислушаш цела „Одисеја"?

Во нова реклама на AT&T за нејзината 4G мрежа американскиот маратонец Рајан Хол додека трча слуша стриминг на цела Хомерова „Одисеја". Некого не го мрзело да пресмета колку тоа километри требало да претрча ако е ова верно.

Депатетизација на страдањето

Бившите републики кои пред нас поминаа низ процесот на лустрација и политичка рехабилитација на дисидентите имаат искуство со тн. „затворска литература". Жртвите на системот пишувале како знаеле и умееле, но нивните дела ретко го надминувале директниот повод заради кој биле напишани.

Вејтс кај Симпсонови

Не, нема да пее. Ама извршниот продуцент на серијата вели дека луѓето ќе го препознаат неговиот глас „во секунда". Ма каква секунда, многу е.

Зборовите како морален компас

Обемната архива од 5,2 милиони книги на Google Books во последно време стана прилично користена база на податоци за истражувања од различни домени на општествените науки. Една неодамнешна статија ја анализира фреквенцијата на зборови поврзани со „моралната извонредност и доблеста". Резултатите: не е на арно.