Туретовиот синдром е наследна болест, почеста кај мажите, при која се јавуваат моторички и гласовни тикови, кои тешко се контролираат. Перформансот под симболичен наслов „Смартфон" сепак не се однесува толку на оние кои страдаат од Турет, туку на оние „здравите", кои стануваат сè понечувствителни на сопствената околина.
Таначарт бил испровоциран од фактот дека луѓето дури (или особено) ако се во гужва, меѓу други луѓе, имаат тенденција да се изолираат, ставајќи се себеси во некаков виртуелен заштитен „меур", во кој се чувствуваат безбедно, но кој ги прави и отсутни од реалноста. Во тоа им помага и технологијата: „Најголемата промена која ја почувствував во последно време беше дека сите околу мене, на улица или во јавниот превоз, постојано гледаа во нивните телефони. Речиси никој не го креваше погледот од својот апарат, правејќи се дека надворешниот свет за нив не постои. Сакав да испровоцирам каква и да е реакција", вели Таначарт.
Иако по фотографиите, а и според она што го подразбира Туретовиот синдром, сосема е можно Бенз да употребувал и пцовки и безобразлуци, тој вели дека изговарал обични фрази и зборови кои му доаѓале сосема спонтано, меѓу кои „сладолед" или „Кафка".
Откако би ги фотографирал реакциите на сопатниците, тој љубезно им заблагодарувал на учеството, а интересно е дека сите, откако ќе сфателе за што се работи, реагирале позитивно.
Повеќе за делата на Таначарт тука.