Боб Дилан свирен на принтер

Лебедовата песна на старата технологија

Песните на Дилан се секако меѓу најобработуваните во историјата на музиката. Па сепак, тешко дека би претпоставилe дека е можен и ваков кавер.

Користејќи куп стари фотокопири, модеми, скенери, факсови и хард дискови, Крис Кеирнс создал компјутерски оркестар - Тhe Printer Orchestra - кој изведува изненадувачки препознатлива верзија на „The Times They Are A-Changing".

Поводот е всушност лансирањето на Print 3.0, нова генерација на принтер технологија од фирмата Brother. Нивниот слоган кој одлично се лепи на насловот на песната, е следен: „Затоа што на стариот свет на печатењето му дојде крајот. А ова е неговата лебедова песна". Сепак малку ни е греота за сите тие стари машини. Tолку добро звучат.

оригиналот

Бонус: зад сцената

8 ноември 2012 - 12:15