Кога Војводата смислува наслов

Зборот на „к"

Teo Масеро, џез саксофонист, композитор и продуцент, најпознат по неговата соработка со Мајлс Дејвис, во текот на кариерата сигурно често „го јадел" заради постапките на музичарите со кои работел. Затоа си решил сè да си води на писмено.

Во Меморандумот испратен пред 43 години до Колумбија рекордс, компанијата за која работел повеќе од дваесет години, тој кратко и јасно ја опишува ситуацијата до неговите претпоставени: „Мајлс тукушто се јави и рече дека сака овој албум да биде насловен 'Кучкин пијалок'. Молам за совет."

Очигледно одговорот бил „Нека тера", штом во април следната година под истата етикета излегол двојниот албум Bitches Brew, кој ќе се продаде во повеќе од пола милион копии и ќе стане еден од најславните џез албуми на сите времиња, предвесник на џез-рокот.

 


Насловот е всушност сленг за евтин коктел или друг алкохолен пијалок кој го нарачуваат жени по ноќни клубови. Во чест на 40 години од издавањето на албумот, во 1970, беше промовирано темно пиво со истото име, и со етикета според славниот дизајн на албумот на Мати Кларвејн.

Тука Масеро раскажува за снимањето на албумот, и како Чик Корија и Мајлс скршиле три електрични пијана, меѓу кои и неговото. Не е ни чудо што човекот си е претпазлив. Ама неговото имитирање на Мајлс е бесценето.

12 ноември 2012 - 10:02