Таг: Мајлс Дејвис

Сликарот во Мајлс Дејвис

Иако од време на време си ги дизајнирал кориците на албумите, Дејвис не почнал да црта и слика до средината на своите 50-ти. Но тогаш, во период на музичка пауза, станал опсесивен во своето ново хоби.

Наскоро излегува загубениот албум на Мајлс Дејвис

Се вика „Рабербенд“ и е направен под влијание на дигиталната револуција во музиката од 1980-тите.

„Милји понапред“ (2016)

„Ова не е филм за Мајлс Дејвис“, би требало да гласи првата реченица од освртов. Затоа што мешавината на факти и фикција во него главно тежи на страната на измисленото, замисленото, сеченото и лепеното од животот на славниот трубач.

Koга Принс свиреше со Мајлс Дејвис

По смртта на славен музичар веднаш се копа по помалку познатите детали од неговиот живот, и се поставува прашањето - што ако соработувал со овој колега, што ако ја објавел онаа песна? Кога е во прашање Принс, едно такво партнерство кое не се развило онолку колку што можело на општо задоволство, е она со Мајлс Дејвис.

Интерактивна визуелизација на целата дискографија на Мајлс Дејвис

Целава работа околу визуелизација на различни видови податоци ни се гледа многу интересна - кариерата на уметниците, за кои и онака знаеме дека се значајни, добиваат уште поголема тежина кога ќе видиш колку и што сè работеле. И самиот Мајлс веројатно би бил задоволен од својот учинок, преставен на оваа огромна мапа. 

Како Америка пропушти историска шанса да биде секси

1964-та, изборна година во САД. На маргините на главната претседателска трка меѓу Линдон Џонсон (актуелен ВД претседател по убиството на Кенеди) и републиканскиот противкандидат Бери Голдвотер, Американците добиваат шанса да замислат алтернативен пат по кој би тргнала нивната земја. Кандидат: Дизи Гилеспи. Главно ветување: Шеф на ЦИА ќе биде Мајлс Дејвис.   

Културна историја на лифтот

Една работа заради која ми олесна откако се преселив во куќа е што не морам постојано да се среќавам со комшии пред или во лифтот, за по куртоазните поздрави да ја делиме онаа незгодна тишина. Добро, лифтот знае и да е интересен ако се заглавиш со вистинскиот човек. Или ако, како во „Приказни по телефон“, те однесе до ѕвездите. 

Зборот на „к"

Teo Масеро, џез саксофонист, композитор и продуцент, најпознат по неговата соработка со Мајлс Дејвис, во текот на кариерата сигурно често „го јадел" заради постапките на музичарите со кои работел. Затоа си решил сè да си води на писмено.

Среќен роденден Мајлс!

Роден на 26. мај 1926, Мајлс е нарекуван „Пикасо на џезот", „квазар на кулот" и „темниот принц". Еден од пионерите на оркестарскиот џез, фузијата на џезот и рокот, и техно фанкот.