Кампањата на Дизи Гилеспи не е официјална и главно му помага да собира фондови за CORE (Congress for Racial Equality) и други цивилни организации кои џезерот искрено ги помагал.
Но, ја прави со сите нишани: беџеви и друг рекламен материјал кои денес имаат раритетен колекционерски статус, "Dizzy for President" станува име на албум од неговиот концерт во Монтереј во 1963-та година, а официјална химна на кампањата е неговата позната би-бап песна "Salt Peanuts" со алтеративен текст:
Your politics ought to be a groovier thing
Vote Dizzy! Vote Dizzy!
So get a good president who's willing to swing
Vote Dizzy! Vote Dizzy!
Три клучни политички точки од кампањата на Гилеспи се:
- бескомпромисно почитување на човековите права;
- повлекување од Виетнам;
- признавање на комунистичката Кина.
А ако и тоа не е доволно за американскиот гласач, тогаш го нуди колегата Мајлс Дејвис за прв човек на ЦИА.
Победува - Линдон Џонсон.
На сличен начин, својата претседателска карма си ја проверуваат и Фела Кути во Нигерија и Вајклиф Џин во Хаити но не успеваат.