Сценарист и режисер на филмот е Стојан Стојчиќ, кој изјавил дека станува збор за драма која драматуршки се базира на три култни филмови: Седумте самураји, Седуммината величествени и Андреј Рубљов. Освен Лаушевиќ во филмот планирано е да играат и Петар Божовиќ, Неда Арнериќ и Снежана Савиќ.
Лаушевиќ ќе го игра иконописецот Сава кој од Косово заминува на рок концерт во Русија. Почетокот на снимањето е најавен за април 2013, а се работи за руско-српска копродукција. За првичниот впечаток да биде целосен (Атос-Косово-Русија-самураи-рок концерт-помилуван актер), музиката ќе ја работи, кој друг ако не - Бора Ѓорѓевиќ.
„Жарко играше и во мојот прв филм (1989), Атоски градини - преображение". Тогаш имаше 29 години, а сега 52. Ќе биде феноменално да се види во продолжението, три децении подоцна. Ние сме пријатели, и Жарко едвај чека да сними нешто големо, а од овој филм поголемо не може да има", изјавил режисерот.
Ако Жарко се нафати, ова ќе биде негов прв игран филм по 1999., кога ги сними „Нож" и „Ранета земја".