Кога го додадовме прашалникот на крајот од насловот на веста дека Жарко Лаушевиќ повторно ќе снима, и тоа филм со помпезен наслов „Колевка на ноќните волци на Косово", некако претчувствувавме дека ќе го пишуваме и овој текст.
Според српските медиуми филмот „Атоски градини 2020." со интересен поднаслов, „Колевка на ноќните волци на Косово" ќе почне да се снима следната година во Србија и Русија. Главна улога - повратникот Лаушевиќ.