Знаевме!

Лаушевиќ: „Не снимам филм во Србија"

Кога го додадовме прашалникот на крајот од насловот на веста дека Жарко Лаушевиќ повторно ќе снима, и тоа филм со помпезен наслов „Колевка на ноќните волци на Косово", некако претчувствувавме дека ќе го пишуваме и овој текст.

Лаушевиќ, преку неговиот застапник, адвокатот Владан С. Бојиќ од Подгорица, ги демантира написите на белградските медиуми, кои пренесоа дека тој ќе игра во новиот филм на сценаристот и режисер Стојан Стојчиќ.

„Тоа едноставно не постои, и нема никаква врска со вистината. Причините на дневните весници и на нивните соговорници, како и мотивите зошто го прават ова, им ги оставам ним" - вели во демантот правниот застапник на актерот.

Дека Жарко нема да глуми, барем не во овој филм така станува јасно. Останува да се види дали „Атоските градини 2020. - Колевка на ноќните волци" воопшто ќе се снима. Истото инаку е планирано за април идната година, како руско-српска копродукција.

20 ноември 2012 - 13:47