Bookbox

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Огромен музеј на Битлси ќе биде отворен во 2028 во Ливерпул

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

Нов албум на Жан-Мишел Жар

Масив атак, Лори Андерсон и Моби се меѓу соработниците на новиот проект на Жар, кој не само што физички изгледа доста свежо за свои години, туку според она што го слушнавме од албумов има уште многу да каже во полето во кое беше еден од пионерите.

„Светот надвор од твојата глава: како да станеш индивидуа во доба на одземено внимание" од Метју Б. Крафорд

Колкав притисок ќе ви врши околината денес, за да ѝ го доделите она што ви е вам најскапоцено - вашето внимание? И колку притоа можете да ѝ се спротивставите? Оваа книга дијагностицира проблем, но истовремено нуди и можни решенија.

Блајнд Вили Џонсон, или човекот чија песна патува низ вселената

Во пресрет на 70 годишнината од смртта на Блајнд Вили Џонсон, неколкумина познати музичари меѓу кои Том Вејтс и Шинед О'Конор се согласија да направат свои верзии од неговите песни. Парите за проектот беа многу бргу собрани преку Кикстартер, што само покажува дека музиката на Џонсон е се уште жива. Но кој бил тој всушност?

Ќе се снима документарец за Ферал Трибјун

Во Хрватска по излегувањето на монографијата за историјата на Ферал се виде дека не само што весникот не е заборавен, туку и дека тој сè уште се смета за некаков „светилник на слободата“ кој на луѓето им е потребен како поткрепа и во овие времиња. 

Галерија во која ти нудат чоколадо додека гледаш слика

Лондонскиот Тејт денес ја отвара долго најавуваната изложба која истражува дали вкусот, допирот, мирисот и звукот го менуваат начинот на којшто ја искусуваме уметноста.

Кои се навистина 100-те најдобри песнописци на сите времиња?

Минатата недела Ролинг Стоун објави дизајнерски џиџе список на оваа тема. Следеше канонада критики, на кои се придружуваме - немојте да мислите дека ако ги има Вејтс, Кеш и Коен ќе ви простиме за сите останати кои ги нема.

Квентин Тарантино: „Ме депримира кога некој гледа мој филм на телефон“

Среде постпродукцијата на неговиот осми филм, The Hateful Eight, за банда одметници заглавена во салун среде бура, режисерот во големо интервју за New York Magazine зборува за проблемот со глупата публика, културолошката вредност на вестернот, кои серии му се допаѓаат а кои не, и за евентуалната пензија.

Дупка, колку тоа исполнето звучи

Дали може да ја купиш крофната, а дупката да ја оставиш во продавница? Дали отсуството е нешто материјално, или само метафизичко? Се бавиме со вакви сериозни прашања додека истовремено жалиме што од сите работи со дупка што се јадат (ѓеврек, похован кромид, куглоф), во моментов ние ја имаме само дупката.   

Минута молчење за мигрантите на врвот на австриската топ листа

Џон Кејџ експериментираше со тишината, која во неговата верзија траеше четири минути и 33 секунди. Но оваа на Раул Хаспел, во траење од една минута, има поинаква порака. Посветена е на мигрантите и бегалците кои престојуваат во главниот австриски центар за азиланти, Трајскиршен, каде владеат нехумани услови.

Англискиот како универзален научен јазик

Њутновата Principia Mathematica била напишана на латински, првите позначајни статии на Ајнштајн на германски, оние на Марија Кири на француски. Но денес речиси сите научни резултати се објавуваат на еден единствен јазик - англискиот, кој парадоксално станува научниот „лингва франка".

Банкси го украде Скопје 2014

На локација на напуштен базен во Вестон-Супер-Маре во Британија, се отвори она што го најавивме тука - Дисмаленд, апокалиптичен тематски парк, чии карактеристики на моменти ќе ви се видат необично познати. Банкси или на суд, или за почесен граѓанин на Скопје, трето нема.

Сакате да позајмите книга од Дејвид Брн?

Вчера пишувавме за омилените книги на пејачот на РЕМ, а денес за оние кои ги препорачува уште еден славен музичар. Ама овој ги дава и на заем.

Колку нијанси црно постојат?

Црното технички е отсуство: визуелно искуство на недостаток на светлина. Во „Светла Земја: откривањето на боите", авторот Филип Бал детално ја следи историјата на употребата и производството на црната боја, која нема врска само со технологијата, хемијата и сликарството, туку и со промена на цели светогледи.

10-те омилени книги на Мајкл Стајп (Р.Е.М.)

Најпознат како некогашен вокал на Р.Е.М., Стајп е автор на фотографии и дизајни на албумите на бендот, го има осмислувано осветлувањето на нивните настапи, а режирал и неколку од нивните видеа. Од неодамна работи како визитинг професор на одделението за уметност на Њујоршкиот универзитет. Еве кои се неговите 10 омилени книги, со краток коментар.

Професор ќе живее една година како Боуви

Замислуваме како би изгледало кога ваков проект би требало да помине пред Наставно-научниот совет на некој од нашите факултети.

Стрип посветен на историјата на пивото

Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).

Oда за пластичната столица

Текст на Светлана Слапшак во „Пешчаник" за еден артефакт од урбаниот, градинарскиот, кафанскиот и руралниот пејсаж, кој постојано ни е пред очите и под задникот, а за кого ретко размислуваме.

„Адамовите јаболка" (2005)

На што можеш да се надеваш во свет кој е генерално неправичен и зол? На тоа дека ако се грижиш за него, едно дрво може да ти роди доволно за од јаболката да направиш пита, за тебе и твоите пријатели. Убав филм, со многу крв, хумор и крај кој успокојува.

Елон Маск - биографијата на еден нарцисоиден визионер

Eдна од биографиите-бестселери по која ќе остане запаметена 2015 е „Елон Маск: Тесла, СпејсИкс и потрагата по фантастична иднина", посветена на најуспешниот и најзначаен бизнисмен во светот во моментов.

30 години од „Док чекаш сабах са шејтаном"

Ако постои бенд низ чија судбина би можел да се сними политички филм за Југославија, тоа е Забрането пушење. Од перспектива на накнадна памет, кога е сосема јасно дека сите „важни утакмици" за кои зборуваше Хасе се загубени, овој албум е потсетување на времето кога некои седеа со шејтанот и чекаа мугра, додека други во мугра седеа сами и го чекаа шејтанот, па на крајот и го дочекаа.

Дали Шекспир дувал и зошто тоа e „вест"?

Интернет деновиве се запали по „откритието" дека Шекспир сакал да дува. Светските медиуми се тркаа во објавување на форензички анализи од лулињата кои ги користел Бардот. Како што обично бива, она што останува откако разбрануваните онлајн води ќе се повлечат, е по некој скелет од информација, кој само покажува колку сме суштински некритични кон она што ни се сервира како „вест".

„Новото новинарство" и неговите непријатели

Кога сакаат да создадат чувство на „сторија" - новинарски жанр кој не е чисто информативен, туку навлегува подлабоко во опишаните ликови и настани, нашите новинари обично го почнуваат текстот (или ТВ сторијата) со човек со име и презиме, полека воведувајќи нè во контекстот преку неговото доживување на нештата.

Мемоарот на Пети Смит ќе стане ТВ серија

„Само деца", бестселерот кој раскажува за доаѓањето на славната музичарка во Њујорк со неполни 21, и нејзиното пријателство со фотографот Роберт Мејплтроп, ќе послужи како основа за телевизиска серија, во продукција на американската телевизиска мрежа Showtime.