„Ова ќе ни овозможи уште подлабоко да ги разработиме ликовите и да ја развиеме приказната и вон книгата. Телевизискиот медиум нуди наративна слобода и можност за надоградба на начнатите теми", изјавила Смит.
Мемоарот кој излезе во 2010 ја доби престижната американска книжевна награда, и е преведена на 40 јазици. Тоа според Дејвид Невинс, претседателот на Шоутајм, телевизиската мрежа која е нарачател на серијата, не е само фасцинантен портрет на почетоците на еден уметник, туку и инспиративна приказна за пријателство, љубов и истрајност.
Смит ќе го пишува сценариото со Џон Логан, кој неодамна ја направи хорор драмата Пени Дредфул. Таа работи и на продолжение на „Само деца", книга со наслов M Train.
Во круговите на обожавателите на двајцата уметници веќе почнува „наддавање" за тоа кои би биле соодветните актери за серијата. Меѓу различните предлози засега водат оние за Руни Мара (на сликата) и Џејмс Франко.
Претходно за Мејплторп и Пети тука