Пети живеела со Роберт од 1967 до 1974, а останале пријатели и по раскинувањето на врската. Додека тој фотографирал во неговото студио, таа го поддржувала работејќи по книжарници. На неговите црно-бели фотографии од голем формат има актови, суптилни мртви природи со орхидеи и кринови и портрети на уметници и славни личности, како Ворхол, Блонди, Ричард Гир, Питер Габриел и Грејс Џонс. Сепак најголемо внимание во времето кога се појавиле предизвикале неговите хомоеротски и садо-мазо фотографии. Врската на Пети со него е опишана во нејзината книга „Само деца" (Just Kids) од 2010, во која таа зборува за него како за љубовник, сродна душа и „со-конспиратор во опстанокот".
Изложбата во Париз, која е прва ретроспектива на Меjпелтроп во Франција по неговата смрт, Смит ја отворила со песна, велејќи дека повеќе сака пеејќи да се сеќава на нејзиниот пријател, отколку зборувајќи за него. Изложени се повеќе од 250 дела, а најесплицитните фотографии се групирани во посебна просторија во која не им е дозволен влез на лица под 18. Местото е Grand Palais, а изложбата ќе биде отворена до 13 јули.
Oва е тизерот за изложбата:
Извор: Le Figaro