Schweigeminute или „Минута молчење" е токму тоа - една минута тишина, која деновиве беше број еден на листите на iTunes и Амазон во Австрија. Цената е 0.99 евра, и таа веќе почнува да се искачува и на топ листите во Германија и Швајцарија.
Раул Хаспел (неговиот официјален сајт каде може да се купи Минутата тука) е уметник со диплома од Академијата за применета уметност во Виена, во чија биографија до сега се забележани инсталации, графички репродукции, изработка на мебел и индустриски дизајн. Најновиот проект тој го објаснува со следното:
„Покана да застанеме за момент и заедно да се сетиме на човештината која лежи внатре сите нас. Повик за повторно оживување на општествените вредности, како емпатија и волја да се помогне на другите, не само од страна на политиката"
Секој цент од продажбата оди кај мигрантите, а нив според стастистиката во текот на 2014 во Австрија ги имало повеќе од 28.000. Бројката за првите три месеци од 2015 е повеќе од 10.000, при што најбројни се мигранти од Сирија, Косово и Авганистан.