Замина Арсен Дедиќ

Дури и да не бевте по неговата музика, неговиот глас не можевте да го помешате со ниту еден друг. Музичар, поет и преведувач, тој е автор на незаборавни мелодии, 25 студиски албуми и 31 книга поезија, од која последната, „Капки за очи“ излезе во 2013. Компонирал за театар, за филм и за реклами. Се дружел со Серџо Ендриго, Шарл Азнавур и Булат Окуџава. На нашите простори антологиска е неговата соработка со Раде Шербеџија, со кого заедно последен пат настапија на сцената на загребски Лисински во април оваа година.

Неговите „Модерато кантабиле", „О, младости" или „Оно све што знаш о мени" веројатно веќе ги знаете. Тука „Заминување“ од Тин Ујевиќ од неговиот албум „Пјевам песнике" од 1980.

Со Рундек и Раде во „На нешто ме сјеча тај град“:

„Попладневна“ на Дедиќ - најубавата песна од албумот „Не дај се Инес“

 

17 август 2015 - 22:11