Имаше деновиве човечки убави и искрени испраќања од починатиот Арсен; Раде Шербеџија и Зоран Предин, Миљенко Јерговиќ, Ѓорѓе Балашевиќ....Одбираме да ви го пренесеме сеќавањето на Анте Томиќ за епизодата кога му земал интервју за Плејбој. За контроверзите во самиот Арсен, за простаклукот и аристократската рафинираност кои истовремено ги поседувал. Му кажал еднаш Томиќ: "Се имате повлечено во себе". Арсен одговорил: "Е, не, во тебе ќе се повлекувам".