Дејвид Брн е куратор на 22-от Мелтдаун фестивал кој се одржува во Лондон, од 18-30 август. Неговиот избор на изведувачи е навистина интересен, и влучува експериментален театар, дрон метал, фламенко, како и посебно нарачано музичко дело од композиторот награден со Пулицер, Џон Лутер Адамс. Ќе настапи и Вилијам Онјебор, најголемиот електронски музичар за кого никогаш не сте слушнале (освен ако не сте го прочитале нашиот текст за него тука)
Но освен музички дел, Брн има замислено и еден читачки. Тој за време на одржувањето на фестивалот ќе стави на располагање 250 книги од неговата домашна збирка, од кои посетителите ќе можат да позајмат, да ги однесат книгите дома, и да ги вратат (а ако не, се наплаќа од кредитната картичка за која оставиле податоци при позајмувањето). Во негов текст објавен во Гардијан, тој ја објаснува неговата одлука да испрати по пошта куп книги со следново:
„Ги сакам библиотеките. Идејата на читање книги без пари не го има убиено издаваштвото, напротив, има создадено нации од писмени и страсни читатели. Споделени интереси и поттик за создавање. Затоа, кога ми се пружи шанса да направам библиотека од моите книги се израдував. Сфатив дека имам МНОГУ книги поврзани со музика. Оние што ги одбрав ги прикажуваат различните начини на исксувањето музика денес, има биографии и книги за технологијата на снимање, како и мојата книга 'Како фунционира музиката'. Велат дека пишувањето за музика е како да танцуваш архитектура, но тоа е сепак весело, поттикнувачко и инспиративно. Ако некој друг може да добие нешто од овие книги, тогаш вредело што сум ги чувал и што ќе ги транспортирам дури од Њујорк"
Засега не е објавен целосен список на сите наслови, но меѓу нив се „Ангелот кој снима: музика, плочи и култура од Аристотел до Запа" на Еван Ајзенберг, „Слушни повторно: моментална историја на поп музиката" од Ерик Вајсбард или фото-книгата на Пола Корт, „Њујоршка врева: уметност и музика од њујоршкото подземје 1978-88".
Брн е подготвен и некоја од нив да исчезне, а се извинува и што можеби има такви кои се потцртувани и со негови коментари. Предвидуваме дека баш за таква ќе бидат жртвувани кредитните картички..