Bookbox

Студиото Сансет визитор, познато по тоа што во своите видеоигри обработува општествени и современи проблеми, со новата игра „Докажи дека си човек“ (Prove You’re Human) повторно навлегува во теми поврзани со технологијата, работата и вештачката интелигенција. По наградуваната 1000XResist, која беше инспирирана и од искуствата на тимот за време на пандемијата, овојпат студиото создава психолошки хорор во кој играчот треба да се соочи со вештачка интелигенција која е убедена дека е жива.

Во текст објавен на сајтот АнХрд, Варуфакис објаснува зошто не сака да го оценува самиот филм, туку преку некои од темите кај Хомер и Нолан ги разгледува современите прашања за вештачката интелигенција, капитализмот, технологијата, слободата и моќта. Пренесуваме дел од него.

Фановите на Хари Потер успеаа да пренасочат кабел вреден 500 милиони евра за да не минува низ фиктивен гроб на лик од книгата

Фановите на „Хари Потер“ успеале да натераат инвеститорите на голем енергетски проект да ја променат трасата на подводен кабел, за тој да не минува низ местото на кое во филмот е погребан домашниот елф Доби. Значи измислен лик, ист таков гроб, а кабелот многу реален. За иронијата да биде поголема, тој сега поминува блиску до исто така прилично реален археолошки наод.

Од каде се инспирирал Бергман за антологиската сцена во „Седмиот печат“?

Еден човек седи пред шаховска табла. Наспроти него не е противник во оклоп, ниту некој старец или крал, туку скелетот на Смртта. Над нив некогаш стоела порака на шведски: „Ти задавам шах-мат“. Сцената е едноставна, речиси иронична, но нејзината порака е безмилосна: без оглед на тоа кој си и колку добро ја играш играта на животот, на крајот противникот секогаш го има последниот потег, без можност за реванш.

Фиктофони или музеј на замислени музички инструменти

Што би се случило кога би постоела органа на која наместо тонови се свират мириси? Или инструмент што ги претвора звуците во бои? А што ако музиката може да се создава само со мисла, со движење на ѕвездите или дури со повлекување на опашките на мачки? Звучи како фантазија, но историјата на музиката е полна со токму вакви необични замисли – некои никогаш не биле реализирани, други навистина биле конструирани, а трети се наоѓаат некаде меѓу измисленото и стварното.

Автобиографија и нов албум на Том Џонс

Kнигата „Преку врвот и назад" и албумот „Одамна загубениот куфер" излегоа истовремено, и се надополнуваат како книжевно-музичка приказна. Тие зборуваат за корените на славниот пејач, кој на 75 години звучи како да има уште многу за возење.

Кога Брајан Ино го сретна Варуфакис

Едниот музичар, другиот математичар со докторат од економија и поранешен министер. Двајцата со радикални идеи во нивните области, пријатели кои од време на време одат заедно на концерти. Нивен неодамнешен двочасовен разговор за сè и сешто - од кучиња-скитници, природата на верата, нападите во Париз и, најважното, нивниот активистички оптимизам.

Книжарски одговор на „црниот петок"

Aко следната година нашите книжарници се инспирираат од оваа иницијатива, нека не се мачат со батлер и вино, сосема е доволна и по една жолта, цивилизирано сервирана во бокалче. Мезето се подразбира.

Ајнштајн и Пикасо: спрегата помеѓу уметноста и науката

Овој месец се одбележуваат сто - земски - години од Ајнштајновата општа теорија на релативност. Таа, како и делото на Ајнштајн воопшто, извршила огромно влијание не само врз научната мисла, туку и врз уметноста.

Субверзивноста на балканските жени

Веројатно се сеќавате на списокот на 10 особини на балканскиот менталитет. Но дали има нешто специфично за балканските жени? Светлана Слапшак зборува за нивниот статус, кој историски и актуелно е мешавина на понизност и бунтовност.

Зошто ни фали Хиченс?

По неговата смрт во 2011 излезе само една збирка есеи под симболичен наслов „Смртност", за која детално пишувавме тука. Пред неколку дена излезе и втората, којашто е веројатно последна асална, пред да почне да „се гребе дното од казанот" - стандардна процедура за заработка од починати славни автори

Eл Лектор: читачите во фабрики за цигари

Од 19 век па до денес во кубанските погони за производство на пури и кубански цигари многу важна улога имаат тн. „лектори" или читачи. Тие не само што информираат и забавуваат, туку од ваквата своја улога црпат и големо политичко влијание.

Дали „Црна ѕвезда" има врска со радикалниот исламизам?

Во тазе интервју за Ролинг Стоун продуцентот Тони Висконти вели дека целта на Боуви била „да се избегне рокенрол", а еден член на бендот тврди дека стиховите на првиот, истоимен сингл, се однесуваат на Исламската држава.

Кога грдото е привлечно

Непосредната вест е следна: на четвртиот годишен избор на Г-дин Грд во Зимбабве се случиле нереди, бидејќи миленикот на публиката загубил од некој којшто бил - премногу убав.

Tрендот на создавање уметност која ќе се обелодени по еден век

Минатата година, со книга на Маргарет Атвуд, започна проект во кој познати автори треба да напишат сто книги кои ќе им бидат објавени дури по сто години. Сега сличен потез прават и двајца филмаџии. „100 години" на Малкович и Родригез ќе биде ставен во временски програмиран сеф, која - здрави-живи - ќе биде отворен на 18 ноември 2115.

Џудит Батлер за ранливоста и отпорот

Една од најславните филозофски фигури на денешницата, од оние за кои се вели дека „нема потреба посебно да се претставуваат", Џудит Батлер беше пречекана со овации од младата белградска публика. Од нивниот ентузијазам можеме нешто да научиме, и за отпорот, и за желбата да се слуша филозофско предавање со мерак, ко да е концерт на Цеца.

Голема интерактивна изложба за Михајло Пупин во Белград

Колку интересна може да биде изложба за макар и славен научник, во историски музеј, за некој што нема појма од природни науки? Епа многу.

Збор на годината кој воопшто не е тоа

Оксфордските речници, издание на Оксфорд jуниверзити прес, го објавија нивниот збор на годината. Тоа е:

Koга терористички напад се случува на концерт

На денот на нападот во Париз се обидовме да видиме дали има некаква врска помеѓу името на бендот кој свиреше таа вечер во Батаклан, и мотивите на напаѓачите. Таква врска изгледа нема, но има една друга - дека тероризмот е во спротивност на идеалите на музиката и на уметноста воопшто.

Опера чија сцена е еден цел град

126 музичари, танчари и актери уествуваат во „Куцкамен", подвижна опера која се случуваше во Лос Анѓелес до вчера, 22 ноември. Проектот се опишува како најамбициозен музички настан од Вагнеровата поставка на „Прстенот на Нибелунзите" во 1876, која траела непрекинато четири дена.

Кога јутјубери стануваат писатели

Пред некое време едно (наше) осумгодишно дете нè остави без зборови кога на стандардното теткинско прашање „Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш?" брзопотезно изјави - јутјубер! Нему, за разлика од нам, му е сосема јасно дека се работи за респектабилна, атрактивна и над сè профитна професија. Плус сега вклучува пишување книги.

Нонсеум или уметноста на неуспехот

Чинија со дупки, за оние кои се на диета. Комбинација на лопата со фотеља, за мрзливи градинари. „Фејсбук" или книга со огледалца во кои се гледате себеси - ова е мал дел од пронајдоците во Нонсеум, или музејот на пропаднатите и тотално бескорисни идеи. Демек сите други се спротивно на ова.

„Мондегрин" или феноменот на погрешно слушање стихови од песни

Ви се случило во уво да ви влезе збор од песна од кој никако не можете да се отарасите, дури и кога знаете дека нема шанси тој да гласи така? Не се секирајте, и на други им се случува, а феноменот си има и име.

Нов албум со досега неиздадени песни на Џеф Бакли

„Јас и ти" ги содржи првите снимени сесии за Колумбија рекордс на прерано заминатиот музичар. Како и со сите други изданија на тн. „загубен" материјал и ова остава доза на скепса - дали ваквото постхумно издавање ни кажува нешто ново? Дали неговата репутација може да биде загрозена од второкласен материјал? Кога е во прашање Бакли ништо од ова не ни е важно.

Петар Павленски или радикалниот протест на уметникот

Неговите перформанси предизвикуваат физичка болка дури и ако само слушаш за нив. По најновата акција - палење на огромната порта на зградата на руската Федерална служба за безбедност во центарот на Москва - Павленски се соочува со тригодишна затворска казна. Но ова е благ симболички чин на отпор во однос на она што го има правено претходно.

Македонски хип-хоп документарец на Синедејс

Утре (понеделник, 16.11) во 21 часот во кино Фросина ќе видите една можна приказна за македонскиот хипхоп - ако сте дел од таа сцена ќе ги препознаете луѓето, музиката и стиховите. Ако не сте, ќе научите нешто за една урбана субкултура, чија иднина во градов ни изгледа сигурна. Плус, влезот е бесплатен.

Koja e групата на чиј концерт во Париз се случи најкрвавиот инцидент?

На петок 13-ти во концертната сала Батаклан во францускиот главен град, при крај на концерт на американска група, се случи напад чии жртви уште се пребројуваат. Името на групата: Eagles of Death Metal. Дали во ова има некаква симболика?

Градот убав

Напишана за еден град којшто го снемува, и за едни луѓе кои ги сакам.

Харвард воведе родово неутрални заменки за своите студенти

Наместо само „тој" (he) и „таа" (she), Харвард и уште неколку американски универзитети воведуваат нешто како „ту" (ze), плус и можност да се користи неутралното „тие" (they) и кога станува збор за едно лице. Сега, при уписот или при каква и друга регистрација на факултетот студентите ќе имаат повеќе опции родово да се декларираат.