Филип Б. Корбет е таков уредник за стандарди и стил на Њујорк Тајмс. До него стигнуваат секакви прашања и реакции, и од вработените во весникот и од читатели. За едно тој почувствува потреба да напише и посебна колумна. Прашањето, поставено од филозофот од Принстон, Питер Сингер, гласело: „Дали крава е која или што?"
Сингер, кој е познат како застапник на правата на животните, вели дека тој во сопствените дела, намерно користи „кои" а не „што" кога станува збор за животни, за да алудира на нивната индивидуалност. Тој бил пријатно изненаден кога во наслов на текст објавен во весникот пишувало: „Кравата која избега од њујоршка кланица најде засолниште". Всушност неговото прашање било дали Њујорк Тајмс има дефинирана политика на употреба на заменки за животни.
Одговорот на уредникот е - зависи. Доколку животното во текстот е наведено со име или ако е наведен неговиот пол тогаш се сугерира who. Во други случаи се оди со it/that/which. Авторите на текстот изгледа не можеле да се одлучат, па во насловот оделе со „кое", а во првата реченица од текстот употребиле „што". Спорна во текстот може да е и употребата на (наводно) генеричкото „крава", бидејќи таа асоцира на животно од женски пол, а ликот од текстот е всушност кастриран бик, кој од неговите спасители го добил името Фреди (според Фреди Меркјури).
Но целата приказна е интересна затоа што покажува колкаво внимание се посветува на вакви детали во медиумскиот говор, кога една „обична" заменка може да сигнализира цел светоглед, во случајов филозофија според која и животните се личности. Според Сингер, сè почесто се случува пребарувањата на Гугл да покажуваат употреба на кој/која/кое во комбинација не само со домашни, туку и со диви животни и инсекти, како на пример елени или мравки.
Како стојат работите на нашиов сајт? Еве како ја третираме кравата:
Но затоа:
Претпоставката за ваквата несвесна граматичко-когнитивна разлика ја наоѓаме во сликата подолу - потешко е на скара да ставиш нешто на кое(што) му се обраќаш со „кој".