Најновата бура во редовите на Французите нема врска со тероризам или со домашната економија туку со - јазикот. Во септември, со почетокот на новата школска година, ќе стапи на сила промена во начинот на пишување на скоро 2,000 француски зборови, кои ќе бидат користени во учебниците, но и во службената комуникација и во медиумите.
Промените најмногу ги засегаат акцентирањата кои стануваат опционални наместо задолжителни, како на пример употребата на тн. „сиркумфлекс" (она ко капче што го има и во некои македонски зборови, како ôд - ни требаа пет минути да го најдеме), но и правилата за пишување на поголем број зборови. Меѓу нив најмногу солзи се пролија за кромид, кој наместо традиционално oignon, сега ќе се пишува ognon.
Интересно е што пионер на целиот концепт е институција којашто во принцип позната како конзервативна - Француската академија на науки. Таа ги предложи промените во 1990, а тие сега само почнуваат помасовно да се применуваат, и тоа со „декрет“ на тамошното Министерство за образование.
Реакциите особено беа остри на Твитер, каде под хаштагот #JeSuisCIrconflexe (асоцијација на „Јас сум Шарли"), оние кои Гардијан побрза да ги нарече „јазични пуристи" (читај: Британците фаќаат сеир), велат дека ваквата промена ги поткопува темелите на француската култура и промовира површност и медиокритетство. И не само тоа, туку има и практични примери каде значењето многу зависи од тоа капчето, како во случајов:
(Јас сум сигурен дека твојата сестра наспроти Јас сум врз твојата сестра..)
Се сеќавам на ситуација кога тој еден акцент можеше да влијае врз исходот на еден судски спор - обвинетиот тврдеше дека „не обврзува" во една изјава не се должи на невпишан акцент туку е негација, што значи дека тој не е обврзан на она на што инаку требаше да биде. Не дека тоа многу му помогна, ама ете, му текна.
Еве ги другите промени