Преку серија од 19 работилници за деца од 4-12 години, Вилкокс им ги претставил сопствените откачени дизајни на децата (како горниот кран за мешање корн флејкс), ги поттикнал да смислуваат свои и да му ги нацртаат. Имале неограничена слобода, нивните пронајдоци да можат да бидат и корисни и функционални, но и крајно луди и неупотребливи.
Откако собрал 600 цртежи од апсурдни до крајно практични, Доминик одбрал 60 за којшто мислел дека имаат најголем потенцијал. Со тим од локални производители почнал да ги претвора во реалност, но секогаш во консултација со детето-пронаоѓач.
Изложбата на која биле изложени пронајдоците траела од 16 до 30 јануари, а возбудата на децата била огромна. Нивната предност според Вилкокс во замислувањето на предметите е тоа што, за разлика од возрасните, тие не се раководат од она што е изводливо, па оттаму и не го ограничуваат потенцијалот на нивните идеи. Оние детски пронајдоци кои денес делуваат невозможни, можеби за некоја година ќе бидат стварни. Други пак зборуваат за најдлабоките стравови и желби на децата.
Таков е пронајдокот на 11-годишната Шарлот која замислила „Одбегнувач на војни" - платформа која се поткачува на тркалца и е обвиена со заштитно „ѕвоно". Секој кој сака да избега од војна на неа може да си ја стави целата куќа, сосе дворот и лулашката, и да си отиде на поубаво место.
Еве некои од останатите изложени пронајдоци, кои се просто брилијантни:
Кука за Принглс
ги знаете оние чипсови во цилиндрични кутии, кога откако ќе ги изедете оние на врвот морате да ја вртите кутијата за да паднат останатите? Епа со оваа кука можете просто да ги подигнете.
Летачко јаже за скокање
Како нормално јаже, само држено во воздух од два дрона, и пропелерчиња на батерии што го вртат.
Автоматски чешлач на коса
„Си ја ставаш капата и таа ти ја чешла косата. За деца што мразат кога мајките и татковците ги чешлаат" (Руби, 8 години)
Повеќе детски фантазии преточени во реалност тука